Реклама
Македонија

Фон дер Лајен: ЕК ќе донесе одлука да му препорача на Советот отворање на преговорите со БиХ

И Босна и Херцеговина тргна на патот кон Унијата, само Македонија тапка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И Босна и Херцеговина тргна на патот кон Унијата, само Македонија тапка во место. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека Европската комисија ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ да ги отвори преговорите со официјално Сараево.  Додека државите членки од Балканот забрзано трчаат кон европското семејство, Македонија најверојатно осамена ќе остане во чекалницата, натоварена со нови и нови услови од соседните земји.

Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски за Алфа вели дека е можно иако Босна и Херцеговина практично сега имаат датум за датум, сепак да не претрка и пред нас да стане членка. Според професорот тоа не значи дека Македонија треба да го напушти патот на Унијата и да изгуби надеж дека еден ден ќе станеме и ние членка.

Ние бевме првата држава што го потпиша актот за стабилизација и асоцијација со Унијата, во 2000 година, така што не е нешто изненадување дека сите не претркаа. Очигледно се работи за малку пошироки и подлабоки геостратешки инересни во регионот. Ние сме жртва на политичките игри.

Реклама

Јанкуловски, голема вина  зошто Македонија е таму каде што е, гледа во владата на СДСМ и ДУИ. Вели лоша дипломатија, немањето интегритет како политичари и незнањето на властите не донесоа во ситуација каде сме заглавени во лавиринт без излез.

Политиките кои ги водеше оваа влада беа генерално лоши, иако сака да се претстави како ексклузивен носител на нашето европско асоцирање, односно, асоцирањето во ЕУ, што не е точно. Покажавме висок степен на сервилност, непознавање, и висок степен на безалтернативност во поглед на размислувањето на патот на ЕУ што сега го плаќаме со тоа што сите држави во регионот вклучувајќи ја и БиХ не претркаа на патот кон ЕУ.

Македонија неколку пати извиси за почеток на преговорите и соседите ни дадоа услови кои властите без консензус со стручната јавност, опоизицијата, народот ги прифатија. Грција бараше промена на името, што владата на Заев го стори иако народот се противеше.

 Потоа Бугарија започна со нивните барања и навреди кон Македонија со непроизнавање на јазикот, исотријата, народот. За да можеме да ги почнеме односно продолжиме преговорите, сега треба повторно да го отвораме Уставот и да ги вментеме бугарите во преамбулата. Ова го прифати власта на СДСМ и ДУИ и истото стана дел од преговарачката рамка и протоколите на Македонија за влез во Унијата. Де факто Владата прифати нешто што не може да го реализира оти нема поддршка од народот, ниту од опозициските партии. Иако СДСМ вината за зошто сме во чекалницата, ја префрла на другите, се чини дека нивните одлуки без ничија поддршка ја доведоа Македонија во состојба да не може ни напред ни назад.