Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Фон дер Лајен во Македонија со повик за храбри одлуки и надминување на билатералните предизвици

Европската Унија ќе стои рамо до рамо со Македонија на евроинтегративниот пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија ќе стои рамо до рамо со Македонија на евроинтегративниот пат и ќе помогне во исполнувањето на сите обврски. Предлогот на власта за уставни измени со одложено дејство не беше одбиен од шефицата на европската комисија, која од Скопје испрати охрабрувачки пораки дека Брисел ќе работи напорно за откочување на процесот. Дипломатската офанзива на премиерот Мицкоски изминатиот период во европските престолнини и обидот за лобирање кај земјите членки на ЕУ ја омекна реториката на Урсула фон дер Лајен – уверена е дека може да се надминат сите пречки.

„Скоро сме таму, знаеме дека тука се уставните измени кои вашата држава се обврза да ги имплементира и како што рековте, сега ни треба заеднички напор, соработка и дијалог – се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се обединат да се преземе одлучен чекор напред и уверена сум како и вие дека можат да се надминат пречките кои се уште постојат“, вели Урсула фон дер Лајен.

Напорна работа за суштински реформи, негување на европските вредности и зачувано достоинство, гордост и идентитет – ова е рецептот за успех и конечно исполнување на европскиот сон според премиерот. Христијан Мицкоски и порача на шефицата на Европската комисија дека Македонија е посветена на евроинтеграциите, но и на доближување на самата ЕУ до граѓаните – преку подобрување на животот, стандардот, владеењето на правото…

Реклама

„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна – сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ“, рече Мицкоски.

Посетата на фон дер Лајен која е во рамки на нејзината балканска турнеја доаѓа во време на дипломатската офанзива на премиерот Мицкоски кој се обидува да излобира кај земјите членки на ЕУ да се изнајде решение за деблокада на евроинтеграциите. Според премиерот, моделот на Преспанскиот договор за уставни измени со одложено дејство е прифатливо решение кое ќе не заштити од подоцнежни условувања од страна на Бугарија.