Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Фокусот врз пожарите, сенка врз надзорот на следењето на комуникациите

Интегративците и социјалдемократите многупати досега покажале дека знаат како да ја дефокусираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегративците и социјалдемократите многупати досега покажале дека знаат како да ја дефокусираат јавноста со смислени сценарија во случаи кога им гори под нозе. Вака дел од политички аналитичари ја оценуваат ситуацијата со пожарите на дивите депонии коишто дефинитивно аферата „Прислушување“ ја фрлија во втор план.

Пожарите во Трубарево, Вардариште, Дрисла, па и спонтаните протести со однапред испечатени транспаренти не ја исклучуваат опцијата дека можеби се  конструирани од СДСМ и ДУИ, само за да се намали интензитетот на скандалот со злоупотребите на АНБ, во нивно време, коментираат познавачите.

Загадувањето на воздухот со отровни гасови од палењето на дивите депонии, за кои МВР веќе идентификувало 20-тина луѓе како осомничени, ги пренасочи институциите да истражуваат за пожарите, а јавноста да бара одговорност од надлежните за тоа кој ги труе граѓаните. И нормално е тоа што здравјето на граѓаните е најприоритетно, но тоа што се подметнуваат пожари, во ек на избивање на афера со прислушување на политичари, новинари и бизнисмени фрла сомнеж дека некој го смислил и направил ова.

Реклама

Пожарите кои избија изминативен денови целосно ја ставија во втор план мега аферата прислушување. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал на прашањата на Алфа до каде е постапката повторија дека не биле во можност во овој момент да споделуваат детали.

Во рамките на предистражна постапка што се води во ОЈО ГОКК, се врши увид во документација во АНБ. Во овој момент обвинителството не е во можност да споделува повеќе детали за текот на предистрагата, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Власта со недели бара Обвинителството да си ја заврши рботата и да истражи дали незаконски во времето на екс директор на Виктор Димовски на АНБ, се слушале и следеле тогашниот лидер на најголемата опозициска партија како и цели редакции со цел урнисување на тогашната влада. СДСМ, пак бара, документите да се декласифицираат, само така според нив можело да се види дали има или не злоупотреби во работата на АНБ.

Неизвесно е што ќе донесе предистрагата на Обвинителството и дали воопшто некој ќе одоговара за овој скандал од оггромни размери.

https://youtu.be/yMJvfbELWp0