Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

„Флертот“ со Али Ахмети го остава без најблиските: И Арбен Фетаи и Азир Алиу го напуштија Арбен Таравари

„Флертот“ со Али Ахмети го остава Арбен Таравари без најбислките соработници. Вицепремиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Флертот“ со Али Ахмети го остава Арбен Таравари без најбислките соработници. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и поранешниот министер за информатичко општество Азир Алиу решија да му сврат грб на својот партиски шеф. Велат не ја добиле довербата од граѓаните за да одат во прегратките на ДУИ и Ахмети, туку за да допринесат да има одговорност за можните криминали, кои биле сторени низ годините владеење на интегративците.

-Ние не се откажуваме пред дестабилизирачките сценарија и ноќните договори кои што ги имаат. Не дозволуваме волјата на членството и гласот на граѓаните да бидат шверцувани, продолжуваме да работиме таму кај што се носат одлуки и таму каде што се прават промени, затоа што ние веруваме дека нашата земја има потреба од стабилност, нашата земја има потреба од развој, одговорно владеење и од Алијанса која нема да ја предаде довербата добиена од граѓаните, изјави Алиу.

Пред Алиу и Фетаи, да го напуштат Таравари решија и други видни партиски функционери и пратеници. Порачуваат дека одлуката ја донеле по разговорите со членството и граѓаните, кои сакаат да се продолжи патот во кој моментов оди државата.

Реклама

-Алијанса за Албанците не е само политичка партија, Алијансата е визија, мисија која произлегува од надежта за достоинство, за правда и за еднаков развој на секој Албанец во оваа земја. Во овој турбулентен политички период, кога стариот режим ги прави последните обиди да ја затемни надежта за промени, ние избравме да не реагираме брзо, затоа слеговме на терен, ги слушнавме нашите активистим, изјави Алиу.

Се очекува Азир Алиу да биде новиот предлог за министер за здравство на местото на Таравари. Тој избегна да одоговори дали ќе преземе функцијата, само кажа дека се разговара со членството за таква опција.

Матеја Петровски