Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Прилози

Финансии бара да им се одземат дозволите за работа на две друштва за игри на среќа

Одземање на лиценца за работа на две друштва за организирање игри на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одземање на лиценца за работа на две друштва за организирање игри на среќа оти не платиле ниту денар од давачките кон државата. Министерството за финансии иницираше постапка до Владата бидејќи не ги почитувале законските обврски кои се неопходни за да ја поседуваат лиценцата.

Во интерес на истрагата не се открива точно за кои друштва станува збор, но како што кажа министерката за финансии едната фирма е од Скопје и е направено огромно оштетување на државната каса.

– Кај двете друштва е констатирано дека не ги почитувале законските обврски што се однесуваат на поседување на лиценца, односно не се платени давачките согласно Законот за приредување на игри на среќа и согласно Законот за данок на личен доход. Меѓу нив се посебните давачки како и данок на личен доход од исплатени добивки на игри на среќа. Согласно доставената документација од УЈП, а согласно надворешната контрола е констатирано дека за едно од друштвата не се платени давачки од јули 2022 година, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Реклама

Колкаво е оштетувањето на буџетот и кој се е одговорен за ваквите пропусти ќе треба да истражува финансова полиција. Пропуст е констатиран и во работењето на УЈП оти не давале извештаи за работењето на овие друштва.  Од финансии побарале да им биде доставен записник уште во јули 2023 година, но повратен одговор во министерството стигнува дури откако управата добила ново раководство.

Дополнително ќе се чешла работењето на сите друштва кои се занимаваат со оваа дејност, а ќе се проверува и законитоста на оние кои се приредуваат онлајн коцкање.

Инаку, според податоците на Министерството за финансии, државата има издадено вкупно 46 лиценци за приредување игри на среќа од кои 30 за приредување на игри на среќа во автомат клуб, 8 лиценци за казино и 8 за приредување на игри на среќа во обложувалници.