Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Филмско киднапирање: Со пиштол и црни ќеси на главата двајца мажи мачеле човек за да изнудат признание за силување

Како сцена од трилер-филм – киднапирање среде бел ден се случи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како сцена од трилер-филм – киднапирање среде бел ден се случи во Неготино. Маж бил насилно грабнат од сопствениот двор, киднаперите го пикнале во автомобил, му ставиле ќеса на главата, го тепале и го однеле во шума за да го присилат да признае дека ја силувал сопругата на еден од киднаперите.

Основното јавно обвинителство – Кавадарци отвори истрага против двајца мажи од селото Корешница, на возраст од 37 и 30 години, осомничени за грабнување. Тие, на 12 април, со закани со пиштол го внеле оштетениот во автомобил и го однеле по стариот пат кон Демир Капија, удирајќи го и ставајќи му ќеса на главата. Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудиоснимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал.

Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки повреди. Пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото. Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите ги контактирала, а тие, дознавајќи дека се откриени, го однеле тепаниот во полициската станица во Неготино. Обвинителството бара притвор за двајцата, поради опасност од бегство и повторување на делото.