Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Филков во КПД Струга: се реактуелизира идејата за женски затвор

Целосна пренамена на затворот во Струга, во казнено поправниот дом кој е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна пренамена на затворот во Струга, во казнено поправниот дом кој е од отворен тип наместо машки, да престојуваат женски затвореници-идејата за затворање на машкиот затвор ја разгледуваа министерот за правда Филков и директорот на установата, Ардит Мустафаи. За да може да се реализира нивната заложба, најнапред треба измени во законот,бидејќи од април годинава во затворот во Струга се сместуваат само затвореници кои сториле кривично дело од небрежност.

 “Мислам дека треба малку интервенција, реновирање, и политичка волја со цел да се измени законот, да се донесе  и идејата да се реализира.Состојбата моментално ни е каква што е.Треба нешто да се интервенира, капацитетите треба да се зголемат.Треба да имаме поголема финансиска поддршка. Со оваа финансиска поддршка, не можеме ние моментално веднаш до утре да станеме женски затвор”-вели Ардит Мустафаи,директор на Казнено поправен дом Струга

Затворот во Струга има капацитет за 60 затвореници, со преадаптација на просторот и доуредување,може да се сместат до 80 затвореници.Идејата е да биде комплетно женски затворот во Струга каде би се префрлило целото женско одделение од затворот “Идризиво”.Директорот Мустафаи истакна дека наследил лоша финансиска состојба.

Реклама

” Да бидеме јасни, секаде треба да се реновира. Значи во ниеден затвор во државата состојбите не се сјајни. Така да каде и да одиме го гледаме истото, не е воложувано со децении”-вели Игор Филков,министер за правда

Филков кажа дека за почеток ќе се подготви проект и тогаш ќе се знае финансиски колку ќе чини пренамената на затворот во Струга .Инаку како што беше потенцирано, местоположбата на затворот и близината до градот ќе биде можност за жените затвореници да ги искористат сите погодности и да работат во градот, со цел истите да бидат ресоцијализирани.

Новинар Росица Голабоска