Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

Министерот за правда Игор Филков денеска одржа работна средба со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков денеска одржа работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи, на која во фокусот беа реформите во изборното законодавство и можностите за нивно унапредување преку инклузивен и транспарентен процес на консултации, соопштуваат од Министерството за правда. 

Средбата била на иницијатива на граѓанските организации, а на состанокот им било посочено да достават конкретни предлози и сугестии за унапредување на изборното законодавство, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група, што, претставниците на независните граѓански иницијативи го прифатиле.

– Министерството за правда континуирано спроведува консултации со сите засегнати страни. Во изминатиот период беа одржани повеќе работни средби со институции како Државната изборна комисија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а веќе е закажана и средба со Државната комисија за спречување и борба против корупцијата. Сите предлози од овие институции се доставуваат до работната група и се предмет на разгледување – стои во соопштението од министерството.

Реклама

Оттаму дополнуваат дека процесот е транспарентен, инклузивен и отворен за сите релевантни чинители.

– Работната група за реформи во изборното законодавство работи интензивно и во неа се вклучени претставници на сите парламентарни политички партии и независни пратеници, со цел да се обезбеди политички легитимитет и широка застапеност во креирањето на законските решенија. Се разгледуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои имаат за цел да обезбедат фер, транспарентен и кредибилен изборен процес – дополнуваат оттаму.