Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Филков од Лога наследил празен кабинет без оргинални документи, но преполн со чадори, чаши и торби

Станал од минстерската фотеља и со себе си го земал документот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станал од минстерската фотеља и со себе си го земал документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија. Претходниот министер Кренар Лога не си заминал со празни раце од минстерството за правда, тврди сегашниот министер Игор Филков. Сто дена вработените во минстерството биле принудени да се потпираат на електронски верзии, само на дел од документот што ги содржи исклучиво препораките без соодветните образложенија и официјалниот допис на Европската Комисија. Првиот човек во правда нагласи дека за овој случај во тек е постапка и дека ќе се бара одговорност.

„Судскиот совет и Јавното обвинителство мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање, функционирајќи единствено во служба на правдата. Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет, фокусирајќи се на професионалноста и строгото почитување на владеење на правото. Голем предизвик во реализација на оваа активност претставува фактот дека Министерството за правда не располага со толку споменуваниот документ со препораките од Оценската мисија на Европската Комисија по однос на Судскиот совет. Иако документот е класифицирана информација, истиот бил земен од мојот претходник, заради што Министерството не располага со истиот“ вели Игор Филков, министер за правда

Осврнувајќи се на сработеното во првите 100 дена, Филков вели во минстерството влегол без примопредавање на функцијата и со испразнет кабинет од потребната документација ама со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секој во количина од над 200 парчиња. Фактурата за сите овие работи била во износ од 956 илјади денари, но не била платена.

Реклама

„Затекнав сериозно испразнети финансиски ресурси. Непостоење на евиденција за добивање и користење мобилни телефонски уреди, лаптопи и електрични скутери од страна на провајдерот, што укажува на персонификација на мојот претходник со институцијата – Министерство за правда. Нефункционален возен парк. И слободно можам да кажам девастирана функционалност на самото Министерство“ вели Игор Филков, министер за правда

Во отчетот за сто дена Влада Министерот кажа дека до сега ги поставил темелите за реформи во судскиот систем кои треба да бидат длабоки, суштински и влијателни, со оглед на тоа што судството е областа каде државата имаше најмногу критики и поради коментарите за зголемена корупција во правосудните институции.

Давид Крстевски