Реклама
Прилози

🎥 Филипче во понеделник ќе ја претстави резолуцијата за Бугарија, Мицкоски прво ќе ја види, па ќе коментира

Првo анализа, цели, намери и навлегување во суштината на резолуцијата на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првo анализа, цели, намери и навлегување во суштината на резолуцијата на СДСМ за  „Бугарската тема“, па потоа и учество во зацртување на црвените линии. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека СДСМ има демократски капацитет и откако ќе ја презентира резолуцијата, ќе почека другите партии да ја разгледаат, па отпосле да го кажат својот став. Со нетрпение и радот ја очекува предлог содржината на социјалдемократите која треба да одговори, до каде и дали воопшто Макеоднија треба да попушти и да ги внесе Бугарите во Уствот.

Откако лиидерот на СДСМ Венко Филипче се врати од работната посета во Париз што ја именуваше како борба за национални интереси на Македонија најави презентација на резолуцијата. Веќе неколку пати рече дека документот е во финална фаза, а сегса има и конкретен термин – ќе ја презентира во понеделник. Потенцираше дека е отворен за сите ставови.

Дел од аналитичарите за предогот на Филипче за собраниска резолуција гледаат со песимизам.Според нив, резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговорите со Бугарија само ќе ги ослабне позиициите на македонската влада и ќе направи простор за нови сопки на евроинтеграцискиот пат. Јасна им и позицијата на македонската влада која упорно се бори да не се внесуваат Бугарите бадијала во Уставот и бара гаранции дека тоа ќе биде последно остапување.

Реклама

Желбата на лидерот на СДСМ Венко Филипче, Бугарите во Уставот, старт на преговорите, па ако се родат нови услови коишто задираат во националните интереси, да кренеме раце, ќе создаде хаос во ЕУ, а никаде не постојат гаранции дека од Македонија нема да се бараат нови отстапки.

Софискиот парламент досега неколкупати изгласа резолуции за македонското прашање. Официјална Софија порача – Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното. Бараат Бугарите да влезат во македонскиот устав и цврсто застанаа зад компромисот од јули 2022 што го направи тогашната влада на СДСМ.