А лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека немало злоупотреба на службите додека неговата партија беше на власт, дека сè се работело според закон и уште еднаш побара декласификација на документите за, како што вели, да се видело дека афера во суштина и немало. Сепак, директно не негираше дека актуелниот премиер бил следен. Вели, требало да се види кои групации биле следени и кој сè комуницирал со нив.