Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет. Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг.

-Од досега пристигнатите резултати од локалните избори СДСМ во првиот круг победи во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Од преброените близу 70 отсто од гласовите водиме во уште девет општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Ранковце и таму ќе има втор изборен круг. И дополнително уште неколку општини каде што сме на второ место – Неготино, Виница, Демир Капија, Зрновци… рече Филипче.

 Лидерот на СДСМ апелираше до граѓаните за помасовна излезност во вториот круг, бидејќи, како што рече, важно е избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани.

Реклама

-Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, но имајќи ги предвид околностите во некои општини имаме зголемување на бројот на гласови, кога ќе ги споредиме со минатата година и тоа е доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци во партијата, порача тој.

Во однос на Град Скопје, истакна дека се уште ги чекаат резултатите, кои доаѓаат поспоро бидејќи доаѓаат од сите скопски општини.

На новинарско прашање за досегашните резултати од Град Скопје, со оглед дека според досегашното броење Левица е пред Каја Шукова, и дали смета дека тоа ќе биде голем удар за СДСМ, рече дека ќе ги почекаат точните бројки за Скопје, за да искоментираат точно и прецизно.