Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи. 

-Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на говор и се заканувате со кривични постапки, исто како во времето на Третиот Рајх. Резолуција, само тоа ќе каже власта, само тоа е вистината, рече Филипче споредувајќи ја Резолуцијата со времето на Третиот Рајх.

Тој истакна дека ваквиот документ претставува опасен преседан и отворен обид за замолчување на опозицијата.

Реклама

-Како Ванчо Михајлов да го пишувал овој документ што мнозинството на власта го изгласа во парламентот, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ во Собранието укажа дека поради ваквите постапки на власта, целосно е маргинализирана дебатата за суштинските прашања, меѓу кои и реформите во правосудството.

-Сакав да прашам нешто и за реформите во правосудството, нема и за тоа да прашам, затоа што гледаме што се случува. Затоа што нема ниту еден реформски закон. Европа знае дека вие повеќе не сте партнери, знае дека не ја кажувате вистината кога зборувате со европските функционери, нагласи тој.

Тој додаде дека двата закони кои Владата сега набрзина ги турка во процедура не ги почитуваат препораките од оценската мисија, туку претставуваат нивна селективна и прилагодена верзија, исклучиво според интересите на власта.

-Само два закони сега, набрзина во постапка и тоа без апсолутно да се имплементираат препораките од оценската мисија, односно некоја ваша која што на власта одговара модификација на тие препораки, кои што треба да бидат реформски закони , порача Филипче од собраниска говорница.