Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Филипче повторно дефокусира и напаѓа медиуми: Нема одговор на сериозните обвинувања за запленетиот канабис

Заев и Филипче се фатени во тесно, мора да одговорат дали имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и Филипче се фатени во тесно, мора да одговорат дали имаат удел во бизнисот со канабис. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали се точни информациите дека актуелниот лидер на СДСМ и неговиот близок пријател, поранешниот премиер Зоран Заев, се директно поврзани со фирмата ЦБД Медплант, од каде беа запленети 30 тони марихуана.

Од владејачката партија велат дека фирмата во неформална сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на социјалдемократите и човек близок до Заев и Филипче, уште од самиот старт работела со пропусти. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека клопчето се одмотува и го повикуваат Обвинителството да го истражи овој случај до крај.

-Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат а до вчера се сликаа со него. Фирмата ЦБД Медплант, да потсетиме доби лиценца во 2020 година, токму од Заев и Филипче. Во тоа време и Филипче и Заев, сакаа да ја направат Македонија туристичка дестинација за користење на марихуана и ја промовираа продажбата на цвет од канабис. Затоа, по нивна насока во 2023 година е сменет подзаконски акт во правилникот за одгледување на марихуана, изјави Мицкоски.

Реклама

Наместо одговор на овие обвинвуања, Филипче реши повторно да се пресметува со медиумите. Бил жртва на телевизии и портали финансирани од унгарскиот премиер Виктор Орбан.  

-Над 40 посто од медиумите тука се во таа мрежа, телевизии, портали итн. И тоа се медиуми кои што ствараат антиевропски наратив, кои што подгреваат национализам, кои што не не водат никаде. Ете гледате како излезе прво Жан Митрев, некои смешни обвинувања дека јас сум влијаел на судски процеси да му ја земам болницата, па Дубаи, па Харис Џиновиќ, па авиони сум имал, па ме поистоветија со убиев на деца, па дека сум се дрогирал. Што уште нема да измислат, изјави Филипче.

„ЦБД Медплант“ од струмичко Ново Село е фирма од каде се запленија 30 тона марихуана. „ЦБД Медплант“ Според она што може да се забележи и на влезот е регистрирана на адреса с. Борисово 3 во струмичко Ново Село, како фирма за „канабис за медицинска намена – производство и трговија“. Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации од терен, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Котев, со прекар М`гчев.

Котев се јавува и како експредседател на огранокот на СДСМ во Ново Село, а имал бизнис релации со Вице Заев, брат на Зоран Заев.

Матеја Петровски