Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  Венко Филипче, вечерва на граѓански собир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  Венко Филипче, вечерва на граѓански собир во Конче, повика на масовна излезеност на изборите в недела и побара поддршка за кандидатот на СДСМ Благој Илиев. Истакна дека жителите од Конче најдобро ја препознаваат разликата меѓу работата на Илиев и на актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Благој работеше во минатиот мандат. Знаете како се однесуваше додека беше градоначалник, знаете дека вратата му беше секогаш отворена, работеше за доброто на општината и за вас граѓаните. Вие најдобро знаете како беше во времето на Благој, каква визија имаше за Конче, да продолжи и да се развива понатаму, рече Филипче.

По мандатот на Илиев, дополни Фиипче, разликата во начинот на управување е повеќе од очигледна.

Реклама

– Сега кога имаме една временска дистанца од четири години после неговиот мандат и сегашниот градоначалник, навистина вие можете најдобро, да воочите каква е разликата и како е да се живее во оваа општина кога градоначалник е некој како нашиот Благој и кога потоа е градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ, тој работи дијаметрално спротивно, нагласи Филипче.

Според него, градоначалниците на СДСМ во досегашните мандати покажале што значи да се работи во интерес на граѓаните и да се реализираат ветените програми.

– Затоа треба и во недела да се заокружи број 5, за Благој повторно да ја води оваа општина, со својата визија, со својата програма, за не само Конче, тука и целиот регион да продолжи да расте, да се развива така како што заслужува, така како што заслужуваат и младите, и пензионерите, и сите граѓани кои живеат тука, порача Филипче. 

Градоначалниците од СДСМ, според него, реализирале 90 до 100 проценти од ветеното, а тие од ВМРО-ДПМНЕ 20 проценти.

Претседателот на СДСМ Филипче оцени и дека „ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати државата во времето на страв и уцени“. 

Ги осуди, како што рече, „притисоците врз граѓаните во текот на кампањата“, потенцирајќи дека „власта на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заплаши луѓето преку институциите“.

– Со полиција, финансиска полиција, шумска полиција, преку социјалните служби, прават притисок врз граѓаните. Сакаат да потсетат на времето кога сите живеевме во страв и уцени. Но тоа време заврши. Луѓето сакаат нормален живот, без притисоци, без закани, без поткуп, рече Филипче. 

Тој оцени дека Владата не презема ништо за, како што посочи, „трошоците за живот кои растат без контрола“. За година и половина, рече Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголеми платите , ниту пак  им помогна на граѓаните во услови кога цените на храната растат од месец во месец.