Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Фетаи се обрати на Глобалната конференција на ООН за мерење на корупцијата

– Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, се обрати на Глобалната конференција на ООН за користење на податоците во мерењето на корупцијата, која се одржува во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Како што информираат од кабинетот на Фетаи, настанот има за цел да ги обедини високите претставници на земјите-членки, меѓународни организации и експерти од областа.

Во своето обраќање, Фетаи истакна дека борбата против корупцијата бара пристап заснован на факти, јасни листи на ризици и постојана институционална будност. Потенцирајќи ја важноста на точните и доверливи податоци, тој нагласи дека „корупцијата не се бори со претпоставки, со интуиција или со повремени интервенции, туку со факти, со институционална будност и со непоколеблива посветеност на јавниот интерес“.

Реклама

– Податоците не се само технички инструмент, туку и демократски инструмент кој ја зајакнува надзорната функција, ја насочува јавната дебата и го зацврстува општествениот договор меѓу државата и граѓанинот, истакна Фетаи.

Тој нагласи дека Македонија останува посветена на зајакнувањето на институционалниот интегритет и усвојувањето на меѓународните стандарди за мерење на корупцијата, како дел од агендата за добро владеење и модернизацијата на јавната администрација.

Учество на владината делегација на оваа Конференција претставува значајна можност за размена на искуства и зајакнување на соработката со меѓународните партнери во заедничката борба против корупцијата и во изградбата на потранспарентни и поодржливи институции, се наведува во соопштението, се наведува во соопштението.