Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Фестивалот „Преку езерото“ од вечерва по трет пат, ексклузивно во Дојран

„Преку езерото”  – што беше идеја на филмскиот режисер Јани Бојаџи, пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Преку езерото”  – што беше идеја на филмскиот режисер Јани Бојаџи, пред само три години веќе прераснува во етаблиран фестивал на балкански и медитерански филм . Покрај Дојранското езеро и под звезденото небо ќе има проекции на пет долгометражни филмови од кои 4 играни и еден долгометражен документарен. Филмскиот фестивал кој е единствен од ваков тип во Македонија нуди одлична програма за сечиј вкус и може да го задржи сечие внимание. Годинава „Преку езерото“  има регионализација и со своја програма во Гевгелија, Валандово и во Богданци.

Поразлично од досега, со „СТЕЛА“ и проекција на кратки филмови за деца и млади синхронизирани на македонски јазик, фестивалот почнува од вечерва од 20:00 часот во Детски парк во Стар Дојран. Утревечер според предвиденото има студентска програма но истовремено ќе се прикаже и видео омаж од филмови на ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ под отворено небо во Амфитеатаротна брегот на Дојранското езеро.

В петок од 20 часот е закажано и официјалното отворање, кога и за прв пат од одржувањето на фестивалот ќе се додели специјалната награда во филмската индустрија „Мето Јовановски” а ќе има и проекција на последниот негов филм.
 „Руски конзул“. Потоа ќе следува проекција на македонскиот филм „Параноик” и францускиот „И ПОКРАЈ ТОА ШТО Е НОЌ” .

Сабота на 10 август исто така публиката ќе ужива во најдобрите филмови од селекцијата. Ќе бидат прикажани еден македонски филм “ДАЛИ СИ МАЖ“,израелскиот – СРЕБРЕН БУНТ, по еден хрватски и грчки филм човекот КОЈ НЕМОЖЕМЕ ДА МОЛЧИ и ТИШИНА 16-9. Проекција ќе има и на два филма од Франција: ВОЛКОТ И МАЧКАТА и БАЛАДА .

Недела е и последната вечер, кога ќе имаат прикажан филмот ЅВЕЗДЕНА од соседна Србија, ХОТЕЛ ПУЛА од Хрватска , ПОДРУМ од Турција, португалскиот филм ЛОШО НА МОМЕНТ и францускиот ЗАРАЗЕНИ.На свеченото затворање на фестивалот ќе бидат доделени фестивалските награди како и грантовите за дипломски студенски филмови.

Конечно, идејата на организаторите веќе трета година по ред е фестивалот да се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото, а од година во година веќе изгради репутација на врвно културно случување не само во Македонија, туку и во земјите од регионот.