Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“, викендов одбележува златен јубилеј – 50 години постоење

       Со симболично дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Со симболично дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија и со учество на над 250 учесници од 5 до 95 години кои го негуваат изворниот македонски фолклор, утре и задутре општините Прилеп и Долнени, ќе бидат домаќини на Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“, кој годинава го прославува својот златен јубелеј, односно 50 години постоење. Во рамките на јубилејното фестивалско збиднување, ќе се одржи и традиционалниот Симпозиум, како и промоција на Зборник на трудови „Фолклорот во минатото и денес“ и на Монографијата по повод 50 годишно постоење на Фестивалот – „Непресушен извор за навек“.

   „За разлика од минатите години, оваа година имаме покрај краткото дефиле низ центарот на Прилеп, ќе има и отворање на Фестивалот со неслучајно – 50 гајдаџии од цела Македонија кои што ќе го отворат Фестивалот со познатото а-визо на Фестивалот – „Отидов село Долнени“. Во сабота имаме едно побратимување односно потпишување на Декларација за соработка со Фондацијата „Конески“ од Небрегово“ – истакна м-р Горан Василески, претседател на Фестивалот „Пеце Атанасоски“.

  „Бевме во потрага по претежно млади учесници и навистина ја постигнавме целта годинава да собереме 50 гајдаџии да ни дојдат на фестивалот, бидејќи мотото беше прославување на 50 години и да набавиме 50 гајдаџии. Имаме гајдаџиче од 4,5 години кое за првпат ќе  ни дојде на Фестивалот, само колку да се појави и да ни покаже дека на некој начин е заинтересиран и веќе почнува да свири на гајда“ – рече проф. д-р Родна Величковска.

Реклама

  Годинава, за Програмата и организацијата на јубилејното издание, организаторите од Министерството за култура побарале три милиони денари, но одобрена им била само една третина од побараните средства, заради што нужно било – богатата Програма, за жал, да претрпи извесни кратења.   

  „Организацијата ја започнавме уште со самата апликација во октомври лани…Изготвивме една толку голема програма и наравме како средства три милиони денари. Со многу активности, со многу учесници, нашата замисла беше да се направи големо дефиле, меѓутоа како што се кратеа средствата се скратија и активностите“, – кажа  Донка Бачанова, секретар на Фестивалот.

  Фестивалот „Пеце Атанасоски“ ќе одржува на Камената бина во Прилеп и на „Рудина“ во село Долнени. За најуспешните учесници ќе бидат доделени и традиционалните награди. Во изминативе 50 години на Фестивалот учество зеле преку 15.000 фолклористи, каско од земјава, така и од странство.

Каролина Дурло