Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Фестивалот „Браќа Манаки“ кој опстојува четири и пол децении, од година во година како да го губи сјајот

       После четири и пол децении успешен опстој, проследен со силни овации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       После четири и пол децении успешен опстој, проследен со силни овации и громоглосни аплаузи, црвени ќилими и гламур, со масовна посетеност на светски познати и признати филмски проекции, последниве години ИФФК  „Браќа Манаки“, како никогаш досега на ударот од лавината негативни критики.  А врвот се чини го достигна организацијата на годинашното јубилејно 45-то издание. Најпрвин, филмска Битола и битолчани, лути се заради тоа што некој, во случајов директорот на Фестивалот, без никаква дозвола од надлежните институции, се дрзнал да им ја сквернави нивната вековна градска гордост – познатиот „Широк сокак“, на диво поставувајќи на него месингани ѕвезди со имињата од досегашните лауреати на Фестивалот, инаку светски познати кинематографери. Оваа т.н. „Патека на славните“, сега всушност е дива градба, велат упатените и додаваат дека нејзината (не)легалност деновиве ја утврдуваат инспекциските служби од Управата за заштита на културното наследство, која пак, како единствена надлежна инстуција, досега воопшто не била ниту информирана, ниту консултирана.

  Негодување, па дури и потсмев кај пошироката јавност, предизвика и годинашното лого на Фестивалот – „Манаки е еден“. „Кој Манаки е еден, Милтон или Јанаки?! Или пак, секој за себе си е еден, иако тие се двајца?!“ – беа само дел од зајадливите коментари на јавноста, а кои очигледно стигнаа и до организаторите, па на свеченото отворањето на Фестивалот, тие мораа да се дообјаснуваат што всушност сакал да каже креаторот. На удар на критичките забелешки од некои медиуми, годинава се најде и популарниот „црвен ќилим“, кој беше наречен „линија на раздвојување“, заради неговата поделеност на брза и спора лента, односно лента за вип-личности и лента за обичните смртници, пришто доаѓањето до банерот за фотографирање, и на едните, и на другите, беше вистински хаос.

 Но, овде не запираат промашувањата во годинашната организација. Дури и најбитниот дел од Фестивалот, воведната, домашна филмска проекција, според познавачите на приликите, не си ја исполнила својата мисија. Особено не пред еминентните странски гости и филмаџии кои тешко дека ги разбраа пораките на домаќините, бидејќи беа конфузни и недоречени, велат упатените. А сосема друга приказна е што во речиси сите досегашни фестивалски вечери, посетеноста на проекциите е исклучително слаба. А како сериозен пропуст на организаторите им се припишува и непланското раздавање на билетите, така што луѓе кои се вистински вљубеници во филмската уметност, вклучително и домашни актери не можеле да дојдат до билет, па салата со 800 седишта, неретко остануваше да зјае полупразна. 

Реклама

   Годинашниот ИФФК „Браќа Манаки“ завршува утревечер. А за до в година останува само да се запрашаме „Кво вадис, Манаки, сеедно дали си Милтон или Јанаки“, бидејќи нели, секако „Манаки е еден“.

Каролина Дурло