Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Фестивал на детска креативност „Трамболини“ од 26 мај до 6 јуни

Детскиот културен центар „Карпош“ од 26 мај до 6 јуни го организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Детскиот културен центар „Карпош“ од 26 мај до 6 јуни го организира Фестивалот на детската креативност „Трамболини“ со поддршка на Град Скопје. По седми пат оваа година фестивалот на детска креативност ќе се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници.

На фестивалот ќе учествуваат деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин.

– На овој фестивал, децата ќе можат да уживаат во работилници за личен развој, работилница по природни науки, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, драмската претстава „Волшебно патување“ што ќе ја изведат членовите на драмската и балетската секција при ДКЦ „Карпош“. Но, „Трамболини“ не завршува тука, продолжува со работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“. Исто така во склоп на фестивалот, скопската публика ќе има можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Убавицата и ѕверот“, изведна од талентираните членови на студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј Јуниор“ од Скопје во склоп на Фестивалот на детски мјузикли – информира Детскиот културен центар.