Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Фатих Улусој амбасадорот на Република Турција во посета на Гостивар

Продолжување на соработката и создавање на подлабоки врски најави амбасадорот на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжување на соработката и создавање на подлабоки врски најави амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој кој оствари работна посета на Гостивар. Тој се сретна со градоначалникот на општина Гостивар Ваљбон Лимани кој оцени дека ова е сигнал за зајакнување на соработката.

– Со мојот личен пријател и пријател на Гостивар, амбасадорот Улусој разговаравме за досегашната соработка и за идните планови. Од оваа посета очекувам плодна соработка во иднина, рече градоначалникот Лимани.

Тој кажа дека посетата претставува важна основа за продлабочување на меѓусебната соработка во различни области како што се културата, спортот, образованието и поттикнувањето идеи за одржлив локален развој.

Реклама

Амбасадорот Улусој му честиташе на Лимани на изборот за градоначалник и истакна дека Турција и Гостивар споделуваат заеднички вредности, историја и интереси, кои треба да се искористат како потенцијал за интензивирање на соработката во иднина.

Во рамки на посетата, градоначалникот Лимани и амбасадорот Улусој го посетија и ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, образовна институција во која наставата ја следат поголем број на ученици од турската заедница.