Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Фалби наспроти бројки – Капиталните инвестиции тапкаат во место

Капиталните инвестиции тапкаат во место, но Владата се фали дека градежните активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капиталните инвестиции тапкаат во место, но Владата се фали дека градежните активности забрзале при крајот на годинава. Бројките не им одат во прилог. За 10 месеци биле реализирани 150 милиони евра или едвај 48% од планираното за цела година и тоа само според вториот ребаланс на буџетот. Ако се споредува со првичните планови состојбата е уште полоша – завршени само 39% за 10 месеци. Министерот за транспорт во експозе за сработеното во првите 100 дена од новата Влада и натаму уверува дека градежната експанзија е на прагот.

По откажувањето на инвеститорот запреа и градежните работи на пругата кон Бугарија на првата делница од Куманово до Бељаковце. Во застој е и изградбата на патната делница од Дреново до Фариш на патот Градско – Прилеп, а незадоволниот инвеститор, шпанската фирма Рубау ја тужеше државата. Бочварски е уверен дека и во двата случаи ќе има разрешница, ќе се изберат нови изведувачи и активностите ќе продолжат во првите неколку месеци од наредната година.

Инаку со години, Владите правеа пиши-бриши со капиталните инвестиции. Ги предимензионираа на стартот, за подоцна во текот на годината да ги пренаменат парите за други цели, најчесто за делење плати и пензии. Убедливо најлоша година беше 2018-та со реализација од само 65% од планираното. За да се интензивираат градежните работи, од догодина ќе се воведе механизам за следење на потрошеното по квартали. Ако за три месеци институциите потфрлат, парите ќе им се одземат и ќе бидат пренасочени кај оние со поголема реализација на капиталните расходи.

Реклама

Тања Попова