Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Економија

Евростат: Цените во Европа паѓаат

Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот на Европскиот завод за статистика.

Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите. Најмногу пораснаа цените во енергетскиот сектор и во еврозоната и во ЕУ, за 1,4, односно 1,3 отсто. Растот е забавен во однос на ноември, кога во двете области се зголемени за 5,6 отсто. Во повеќето други сектори тие беа речиси непроменети во однос на ноември.

Секторите трајни производи за широка потрошувачка и интермедијарни производи во еврозоната забележаа промена на трендот, со благ пораст на цените. Кога е исклучен енергетскиот сектор, цените во двете области останаа на нивото од претходниот месец, утврди Евростат.

Реклама

Продажните цени на производителите на индустриски производи во Бугарија се зголемени најмногу во декември на месечно ниво, за 5,1 отсто. Следува Хрватска, со раст на продажните цени на производителите на индустриски производи за 2,4 отсто во декември во однос на ноември кога се намалени за 0,2 отсто, покажуваат табелите на Евростат. Цените во Словачка исто така позначително пораснаа во декември, за 1,5 отсто во споредба со ноември. Блиску се и Белгија, Естонија и Литванија каде цените пораснале за 1,1 отсто и Франција со месечен пораст на цената од еден процент.

На месечно ниво најмногу паднаа продажните цени на производителите на индустриски производи во Ирска, за 1,5 отсто. Романија забележа само малку поблаг пад, за 1,2 отсто.

На годишна основа, продажните цени на производителите на индустриски производи во еврозоната беа стабилни во декември, покажаа пресметките на Европскиот завод за статистика. На ниво на ЕУ, тие исто така се задржаа повеќе или помалку на нивото од крајот на 2023 година, по падот од еден отсто во претходниот месец, според ревидираните податоци.

Убедливо најголем годишен пораст на цените на производителите на индустриски производи има во Ирска во декември, за 11,1 отсто. Следуваат Бугарија и Данска, каде бележат раст од 6,6, односно 4,7 отсто. Најголем пад на цените во декември забележа и Словачка, од 17 отсто. Следат Луксембург и Франција, каде што се намалени за 4,2, односно 3,8 отсто, покажуваат податоците на Евростат.