Реклама

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Македонија

Европско собрание на семејни лекари во Скопје: Специјалистот по семејна медицина да го добие вистинското место во здравствената заштита

Европско собрание на семејни лекари денеска и утре се одржува во Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европско собрание на семејни лекари денеска и утре се одржува во Скопје, во фокусот е барањето, специјалистот по семејна медицина да го добие вистинското место во здравствената заштита, како и хартиената евиденција да биде заменета со електронска. 

– На трети и четврти октомври се одржува есенското Генерално собрание на Европска Унија на семејни лекари. Македонија има сериозни проблеми во однос на примарната здравствена заштита. На пример, моделот на финансирање станува сѐ повеќе и повеќе несоодветен, за ситуацијата што ја имаме. Бидејќи се празнат села, се празнат градови, Македонија како земја се сели, а голем дел од населението старее, така што треба да се направи нов начин на финансирање, рече во изјава за медиумите, Драган Ѓорѓиевски, претседател на Здружение на лекари по општа и семејна медицина и потпретседател на Европската Унија на семејни лекари.  

Тој истакна дека веќе долго време очекуваат и се надеваат сегашниот министер за здравство Азир Алиу, кој е програмер по вокација, дека ќе направи комплетно електронско здравство.

Реклама

-Тоа значи дека хартиениот картон ќе биде заменет со електронски, како и сите останати пријави и дневници, што би биле во електронска форма и би се олеснила административната работа. И конечно веќе еднаш засекогаш, специјалистот по семејна медицина, треба да ја добие својата улога. Токму имаме сега и поддршка од Европската Унија, бидејќи таму веќе, земјите членки во Европскиот парламент, поднесуваат директива со што специјализацијата по семејна медицина ќе стане еднаква како специјалност со останатите специјализации. Македонија, за жал, сѐ уште не нѐ признава како семејни лекари, истакна Ѓорѓиевски. 

Не може, подвлече тој, општ лекар да има иста плата со специјалист по семејна медицина, не може капитација на општ лекар да биде еднаква со таа на специјалистот по семејна медицина. 

Притоа појасни дека Европската Унија одамна функционира со специјализацијата по семејна медицина, и кај нив ингеренциите и бодовите биле платени. Сега сакале коефициентот на плаќање да го зголемат, така што, би ги изедначиле своите специјализации, на пример, со специјализациите по интерна и гастроентерохепатологија. 

– Нивните министри за здравство, на досега 11 земји, веќе ги поднесоа тие барања до Европската комисија. Така што тоа веќе почнува да се разгледува. Беше на иницијатива токму на здружението на семејни лекари што обединува 24 земји – членки, додаде Ѓорѓиевски. 

Тој додаде дека четири години е претседател на семејните лекари и отогаш четири министри се смениле. Меѓутоа, како што рече, ниту еден не нашол начин како да се решат овие проблеми. 

– За првпат, морам да признаам, вчера добивме мејл од Министерството за здравство, дека во понеделник ќе има одредена средба, каде што ќе ни се презентираат 12 промени на 12 закони за здравство, состанок на поголемо ниво, ќе видиме што се промените, информираше Ѓорѓиевски. 

Тијаго Вилањева, претседател на Европската Унија на семејни лекари од Португалија, рече дека Европската Унија на семејните лекари веќе започна со иницијатива за признавање на специјализацијата по семејна медицина како специјалност, 11 земји – членки веќе во Европскиот парламент преку своите министерства за здравство, таа иницијатива ја имаат поднесено за да излезе пред европратениците изедначување по специјалноста. 

Таква иницијатива, додаде тој, ќе биде испратена и до нашето Министерството за здравство, како конечно би се признала специјализацијата по семејна медицина и би ги добиле своите ингеренции и соодветно вреднување.