Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Европскиот Фронт на СДСМ и ДУИ пропадна, од фронтот сега нема ни ”Ф”

Европскиот фронт кој СДСМ и ДУИ го формираа се распадна како кула…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот фронт кој СДСМ и ДУИ го формираа се распадна како кула од карти. Од фронтот кој требаше да ги обедини партиите и да повлече и нови политички субјекти во нивото друштво, не остана ни Ф. СДСМ бога молеа да имаат заедничка коалција со ДУИ и за претседателски и за парламентарни избори, затоа и го направија тој фронт, но нискиот рејтинг и политчките трикови на нивните опоненти им ги растурија плановите. Затоа секоја партија и си најави посебна кандидатура за претседател. Според поранешниот амбасадор Донев, тој Европски фронт бил само пиар стратегија и ништо повеќе.

Да бидеме искрени од Европскиот фронт, тие две партии немаат ни Е напред. Не поддржуваат ништо сериозно од она што треба да се спроведат како европски политики во Македонија. Тоа беше еден трик кој сакаа да го пласираат, меѓутоа не им излегоа плановите… Каков Европски фронт, ги гледате резултатите на испитувањето на јавното мислење, го гфледате резултатите во сите области во Македонија, каков Европски фронт, тоа беше еден обичен трик.Фрлање на прашина во очите на гласачите, ништо друго…, вели за Алфа, Донев.

Според Донев, покрај нискиот рејтинг, и несогласувањата за парите и тендерите имаа удел во тоа фронтот уште не профункциониран се распадна, но една од најголемите причини зошто не успеа е тоа што го направи здружената опозиција во Македонија од албанската заедница.

Реклама

Посебно тоа што здружената албанска опозиција го направи, ги помати плановите и на ДУИ и на СДСМ. Нивниот претседателски кандидат Таравари излезе со доста порадикални барања и ДУИ мораше да го следи. Вчерашната изјава на Ахмети беше јасна. Јас не верувам ниту за претседателски ниту за парламентарни избори дека ќе успеат да направат коалција. А ако направат коалција тоа значи дека СДСМ и онаа мала поддршка што ја има сега во моментов ќе ја изгуби…, вели за Алфа, Донев.

На крајот на минатата година СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ. Тој беше најавен како европски фронт за европски стандарди и европски вредности, за подобар живот. Во фронтот учестуваше и ДУИ, но резултати никакви не видовме, ниту пак некако европски промени, туку само продлабочување на веќе постоечките проблеми, но и креирање на нови , како оној со недостатокот на пасоши, каде над 650 000 граѓани останаа затворени во Македонија, што не само што не е евопски туку се коси и со основните човекови права, како она за слобода на движење.