Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Европски земји одложуваат изборни процеси, кај нас се туркаат брзи избори?!

Додека кај нас се лицитира со датуми за предвремени парламентарни избори,Франција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека кај нас се лицитира со датуми за предвремени парламентарни избори,Франција и натаму размислува за одложување на вториот круг од локалните избори кој треба да се одржи на 21 Јуни. Францускиот амбасадор во Македонија Тимоние во интервју за МИА вели дека здравјето на граѓаните мора да има приоритет пред изборите, а поголемата излезност им дава вредност на изборните резултати. Сите политички фактори ќе се обидат да најдат решение кое ќе овозможи поголема излезност.

“Сè уште не е донесена одлука за одржување на вториот круг на 21 јуни, во 5.000 општини кои треба да пристапат кон спроведување на второто гласање (вклучително и градот Париз). Во тек се активни разговори помеѓу Владата и политичките чинители со цел да се дојде до разумен консензус, каде што здравствените прашања ќе имаат приоритет, дури и во контекст кога пандемијата се повлекува во голем број од нашите региони. Секако, би сакале да се исполнат условите за да имаме зголемена излезност што ќе им даде целосна вредност на изборните резултати”, вели Тимоние.

Пред неколку дена Тимоние во одговор за Алфа рече дека вториот круг би можел да биде одложен поради ниската излезност во првиот круг на почетокот на пандемијата.

Реклама

И ОБСЕ и ОДИХР за Алфа потврдија дека и за нив е важна излезноста на изборите.

Утре на лидерска средба ќе се договара и датум за избори. Ќе се анализира мислењето на ДИК и ставот на здравствените власти за тоа кога може да се одржат. Власта сега сака да се одржат на 21 Јуни, а опозицијата смета дека здравјето на граѓаните треба да биде во прв план.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски смета дека изборните рокови по завршувањето на вонредната состојба треба да продолжат.

“Владата има донесено уредба со законска сила за роковите за одржување на изборите и нема потреба таа да биде менувана. Уредбата се покажа исправна и во правниот систем на Република Македонија и Уставниот суд оцени дека е заснована на Уставот и на законот. Таа уредба ги одложи изборните дејствија, ги замрзна роковите, затоа што во вонредна состојба тие се ставаат вон сила. Тука треба да го имаме предвид уставниот рок од 60 дена за одржување на парламентарните избори од денот на распуштање на Собранието. Ако нешто друго треба да се дополни во овој период, во смисла на рокови во рамките на тие 60 дена, тоа е веќе прашање на дополнување на уредбата. Но, ние имаме уредба и таа нема потреба да биде менувана”, вели Спасовски.

Претседателот на ДИК е убеден дека изборниот процес треба да почне од почеток. Тој вели дека за организирање на изборниот процес се потребни 45 до 50 дена. Деркоски нема да го потпише избирачкиот список доколку тој не биде навремено ажуриран.

Полска, Австрија, Чешка,Германија се дел од државите во кои беа одложени изборни циклуси. Одложување имаше и на другите континенти.

Градимир Марковски