Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

„Европски дијалози“ во Скопје: Изложбата „Солидарноста како иднина“ го отвора четиридневниот форум за европското наследство и иднината на Европа

Со изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност вечерва во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност вечерва во Скопје ќе бидат отворени „Европските дијалози“, четиридневен меѓународен форум посветен на европското наследство, граѓанското општество и иднината на Европската Унија.

Настанот е во организација на Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

Преку поставката „Солидарноста како иднина“ ќе биде одбележан еден од најзначајните примери на меѓународна културна солидарност со Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога голем број уметници од Франција и од други европски земји донирале свои дела за создавање на колекцијата на Музејот на современата уметност.

Реклама

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од истакнати француски, македонски и европски автори, меѓу кои Пјер Сулаж, Виктор Вазарели, Никола Мартиноски и други уметници застапени во музејската колекција.

Во рамки на „Европските дијалози“, од 29 септември до 2 октомври ќе се одржат јавни дебати, предавања, работилници, разговори и културни настани на кои ќе учествуваат истражувачи, новинари, активисти, уметници, студенти, дипломати и институционални претставници од Северна Македонија, Франција и од други европски земји.

Годинашното издание, кое претставува завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, ќе биде посветено на прашањата за заедничкото европско наследство, колективната меморија, граѓанските иницијативи и идните предизвици на Европската Унија.

Завршницата на манифестацијата е предвидена за 2 октомври во „Лабораториум“, каде ќе настапат францускиот диџеј Милс и скопскиот диџеј Дарко со заеднички музички перформанс.