Реклама
Свет

Европската унија мора да се подготви за нов бран на миграција

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток ќе предизвика бран бегалци и хуманитарна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток ќе предизвика бран бегалци и хуманитарна катастрофа која може да ја загрози безбедноста и кохезијата на ЕУ. Вакво предупредување во писмо до претседателката на Европската Унија Урсула фон Дер Лајен испратија премиерките на Италија и Данска Џорџа Мелони и Мете Фредериксен. Тие нагласуваат дека проширениот конфликт во регионот е веќе загрижувачки и дека постои потреба Европската унија веднаш да обезбеди содветна подршка за земјите партнери.

„Можеме поефикасно да им помогнеме на луѓето со дирекно насочување на подршка кон нивните региони на потекло. Им должиме и на засегнатото население да дејствуваме.“, се нагласува во писмото на Мелони и Фредериксен до Урсула Фон Дер Лајен