Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Евроинтеграциите и трговската соработка во фокусот на работната посета на министерот Муцунски на Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стокхолм, остварил средба со министерката за европски прашања на Шведска, Џесика Розенкранц. Во фокусот на разговорите биле евроинтеграцискиот процес на државата, поддршката од Шведска во овој процес, како и реформските процеси во земјата.

На средбата, како што денеска соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски изразил благодарност за континуираната и принципиелна шведска поддршка за процесот на проширување на Европската унија, со посебен акцент на заложбите за целосно пристапување на Македонија и останатите земји од Западниот Балкан. Тој ја истакнал шведската посветеност на политиката на проширување како клучен фактор за интеграцијата на регионот.

– Македонската интеграција во ЕУ и предизвиците на тој пат беа централна тема на разговорот. Од страна на министерот Муцунски уште еднаш беше повторена неопходноста билатералните прашања да не претставуваат пречка за напредокот, при што беше потенцирано дека процесот треба да се темели исклучиво на системот на заслуги и постигнувања. Се разговараше и за повеќе актуелни прашања од значење за Унијата, се наведува во соопштението.

Реклама

Министерката Розенкранц нагласила дека Шведска останува силен поддржувач на проширувањето на Унијата и додала дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат партнерските земји, како Република Македонија, со која имаат одлични билатерални односи. Во контекст на силната поддршка за нашиот евроинтеграциски пат, таа ја истакнала и важноста на реформската агенда и Планот за раст.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил и средба со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија на Шведска, Хакан Јеврел.

– Фокусот на средбата беше ставен на унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, можностите за инвестирање во Република Македонија, како и справување со актуелните економски предизвици. Министерот Муцунски ги нагласи поволностите за инвестирање во Северна Македонија, со посебен акцент на автомобилската, одбранбената и фармацевтската индустрија, претставувајќи ги како клучни сектори со сериозен инвестициски потенцијал. Се разговараше и за конкретни чекори што би придонеле кон привлекување нови шведски инвестиции, со акцент на потребата од заеднички напори за унапредување на трговската и економската соработка, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.