Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ертрактор, пожарникари и месното население се обидуваат да го изгаснат пожарот помеѓу штипските села Долани и Љуботен

Во гаснењето на пожарот помеѓу штипските села села Долани и Љуботен вечерва се вклучи и Ер трактор кој започна да фрла вода врз огнената стихија која опфаќа голема површина.   На терен пожарот го гаснат 18 пожарникари од ТПП Штип, 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, и месното население. Со помош на багери се прават […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во гаснењето на пожарот помеѓу штипските села села Долани и Љуботен вечерва се вклучи и Ер трактор кој започна да фрла вода врз огнената стихија која опфаќа голема површина.  

Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната

На терен пожарот го гаснат 18 пожарникари од ТПП Штип, 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, и месното население. Со помош на багери се прават и пресеци во близина на селото Долани за да не се префлри огнот кон куќите. Бидејќи пожарот е на непристапен терен се гасне со пожарникарски метли. 

Зоран Младеновски од ДПД Штип вели дека во моментов се прават напори пожарот да не зафати стара борова шума. 

Реклама

Претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во пожарот едно лице од локалното население помагајќи во гаснењето на пожарот се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица во пожарот.