Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Елмази: Абази да отвори предмет за јавните набавки на заштитни огради на патиштата

Поминаа три дена откако во јавноста излегоа сериозни информации поврзани со работењето на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во напис објавен во печатен медиум беа изнесени скандалозни информации дека Рустеми вршел притисок врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на тендери во Македонија, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа три дена откако во јавноста излегоа сериозни информации поврзани со работењето на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во напис објавен во печатен медиум беа изнесени скандалозни информации дека Рустеми вршел притисок врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на тендери во Македонија, изјави на прес-конференција Мухамед Елмази од Вреди.

Една европска компанија била тргната настрана, а патот бил отворен за компанија од Србија.

Тука не зборуваме за обичен тендер. Тука зборуваме за елиминирање конкуренција, за фаворизирање фирма и за милионски суми од јавни пари.

Реклама

Уште посериозно е што станува збор за заштитни огради. Тоа не се украси покрај патиштата. Тоа е опрема директно поврзана со безбедноста во сообраќајот и со човечките животи.

Ако безбедноста на граѓаните била ставена на пазар за тендерот да заврши кај српска компанија, тогаш дали треба да чекаме нови трагедии како Ласкарци за институциите конечно да се разбудат?

Ако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција молчи пред овие сериозни информации, тогаш прашањето што само по себе се наметнува е едноставно: дали Ислам Абази знае дека Обвинителството треба да постапува и по „допрен глас“, или чека да слушне што ќе му каже Али Ахмети?

Затоа бараме од Ислам Абази веднаш да отвори предмет и да ги провери сите информации поврзани со јавните набавки, заштитните огради и милионските суми што се споменуваат во јавноста.

Граѓаните имаат право да знаат дали јавните пари биле трошени законски и зошто била фаворизирана српска компанија.

ДУИ се лажни патриоти. За правата на Албанците галамат кога се во опозиција, а кога беа на власт правеа алаш-вериш со српски компании за целосно лични интереси.

Нема да дозволиме оваа тема да се затвори со молк.

Бараме Обвинителството да не губи време, туку веднаш да постапи и да ѝ соопшти на јавноста какви чекори ќе преземе.