Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Елези: Стравот на ОБСЕ за изборни нерегуларности се вика Бујар Османи

Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи, кажа денеска на прес-конференција Aмир Елези, потпретседател на Алтернатива.

Според него, ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век.

„Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавњето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има дадено за ОБСЕ да ја оценува Северна Македонија како земја со кревка демократија? За жал, насто тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач на OБСЕ во минатата година. Ако оваа ситуација е за плачење, тогаш виновникот е токму Бујар Османи. Затоа што тој беше актерот кој директно влијаеше на овој пристап што ОБСЕ го има кон земјата. Затоа, Бујар османи е должен да објасни зошто е ваквата оценка на ОБСЕ, и, второ – исто така многу важно – врз основа на какви анализи и аргументи Бујар Османи во 2023 година оценил дека изборите во Северна Македонија можат да предизвикат дестабилизација? Кој му ги дал овие информации и зошто тој не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега? Ова неминовно го наметнува прашањето дали ДУИ спрема терен за да предизвика постизборна политичка криза, за да може техничката влада на Талат Џафери да си го продолжи својот технички живот?“, изјави Елези.

Реклама