Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Eкспертите со конкретни предлози до Mицкоски во однос на уцените од Бугарија

Само со поништување на вториот протокол со Бугарија со кој се обврзавме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само со поништување на вториот протокол со Бугарија со кој се обврзавме на уставни измени, може да се промени целата траекторија на Македонија кон ЕУ и да се заштитат македонските национални интереси. Експертите со конкретни предлози откако премиерот Мицкоски рече дека Договорот за добрососедство може да се репреговара и на францускиот предлог да се додаде некој друг предлог кој ќе ги опфати и правата на Македонците во Бугарија.

Што не може да се промени? Тоа беа само закани и уцени бидјеќи досегашната власт ги голташе. Да бидеме јасни, со сегашната преговарачка рамка не можеме да влеземе во ЕУ, а ако не се бориме за нашите интереси, никогаш не сме заслужиле никаде да стигнеме. Во целина, преговарачката рамка може на најлесен начин да се фрли во вода без да се конфронтираме со Брисел, ако го отфрлиме срамниот протокол со Бугарија кој го потпиша Османи. Со тој протокол, што не е договор туку протокол, записник, и не не обврзува, тогаш авотматски паѓа во вода преговарчаката рамка. Без никакво репреговарање со едноставен чин на откажување од еден записник, кој се нарекува протокол, и оној предлог [француски], кој беше уствари договор помеѓу Петков и Ковачевски со посредство на Франција, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Додека Бугарија преку уцени и ултиматуми се бори за правата на бугарското малцинство во Македонија, доскорешната македонска дипломатија преку понизност и подголтнување прифати уставни измени, и со прст не мрдна за да се заштитат правата на Македонците таму и покрај бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права. Сега топката е кај Христијан Мицкоски и неговата влада, да се обидат да репреговараат,

Реклама

Дека може да се обиде да се репреговара, тоа дефинитивно, бидејќи тоа исто така е едно од ветувањата во предизборието и би требало да се обиде сепак би било екстремно тешко бидејќи се спомнуваат правата на Македонците во Бугарија и пресудите од Стразбур, но оние оправдувања и изговори од бугарска страна се во насока на тоа дека, тоа би било во конфликт со нивниот Устав. За било какво репреговарање би биле потребни уставни измени и во Бугарија, а знаете таму не може ниту да се формира стабилна политичка влада. Јас очекувам од македонската дипломатија како што реков имаше такво ветување. Само со интензивни разговори и барања, нема посебни механизми прави за репреговарање на преговарачка рамка, се зависи од политичката волја во ЕУ а сега се зафатени со други прашања, па затоа нашето прашање е многу ниско на агендата, вели извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски.

Меѓународната заедница постојано алармира да се почитуваат меѓународните договори и повторува дека нема можност за никакви остапки, посебно не промена на преговарачката рамка, иако имало такви примери во минатото за други земји аспиранти за ЕУ. Последно, евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека нема промена во позициите на ЕУ, и дека патот бил трасиран во јули 2022 година – кога беше прифатен францускиот предлог.

Претходно реагираше и амбасадорката на САД Агелер, дека договорите со соседите не може да се репреговараат, а не може ниту да се репреговара напредокот на Македонија кон Европската Унија.

Ова беше причина, премиерот Мицкоски да излезе со став дека ако можеше на договорот со Бугарија да му се додаде францускиот предлог, тогаш може да се додаде и некој друг, кој ќе ги исцрта црвените идентитески линии на Македонецот.