Реклама

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Македонија

Експертите поделени дали Пендаровски може сам да донесе одлука за продолжување на вонредната состојба

Бројката на новозаразени од Ковид 19 секојдневно се зголемува, но брзањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројката на новозаразени од Ковид 19 секојдневно се зголемува, но брзањето на власта за избори, на конец ја држи вонредната состојба која истекува во сабота. Останува отворено прашање што ако Владата не достави предлог за продолжување на вонредната состојба,оти сакаат брзи Корона избори, дали Пендаровски може без нивен предлог да донесе одлука?
Во членот 125,став 4 од Уставот се вели дека одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката.

Ако Собранието не може да се состане,одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане– Устав на Р.Македонија.

Откако Уставниот суд не сакаше да се произнесе по уставноста на веќе донесените четири одлуки за утврдување вонредна состојба од страна на претседателот, со што имплицитно Уставниот суд застана во одбрана на правото на претседателот да носи нови одлуки за прогласување вонредна состојба, во јавноста се отвори прашањето дали Пендаровски може самоиницијативно да донесе нова одлука за прогласување вонредна состојба. Професорката по уставно право Тања Каракамишева вели ДА.

Реклама

Дали на претседателот Пендаровски му е јасно во каква состојба се наоѓа државата? Каква црна здравствена статистика имаме?
Дали е свесен дека вонредна состојба согласно Уставот, во услови кога нема Собрание, утврдува САМО ТОЈ без обврска да бара предлог од владата? Претседателот е должен да го заштити здравјето на граѓаните, да биде разумен и да не потклекнува на барањата на СДС за корона избори, вели Тања Каракамишева – професор по уставно право.
На ист став е и професорот Саво Климовски кој своевремено беше и в.д. претседател на Македонија. Тој за Алфа вели претседателот може сам да прогласи вонредна состојба повикувајќи се и на ставот 2 од членот 125.
Аналитичарот Алберт Муслиу пак е на ставот дека Пендаровски не може без предлог на Владата да ја продолжи вонредната, но сепак морало да се почитува мислењето на Комисијата за заразни болести.
Вонредната состојба завршува во сабота, од кабинетот на претседателот се уште не кажуваат дали Пендаровски размислува за продолжување на истата со оглед на новонастаната состојба само најавуваат дека претседателот утре ќе има обраќање на кое ќе се разјаснат работите…Првата вонредна состојба и беше прогласена на 18 март кога вкупната бројка на заразени од корона беше двоцифрена, за разлика од сега кога брои над 3000.

Мери Ѓорѓиевска