Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Експерти: Спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање ќе придонесе за побрзи ефекти на безбедносен план

Многу поголема безбедност на национално ниво и многу подобро ќе се планираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу поголема безбедност на национално ниво и многу подобро ќе се планираат сите мерки и активности за брзо делување на институцииите. Интегрирана разузнавачка служба ќе придонесе за побрзи ефекти на безбедносен план. Спојувањето на Агенцијата за национална безбедност и разузнавање како едно тело ќе значи полесна координација помеѓу претседателот на државата и инцитуциите кои го штитат државниот интерес и интегритет.

Одржан е овој напор да се спојат двете агенции вели универзитетскиот професор Александар Нацев, реформа која би била најголема во безбедносниот систем.

  • Ние сме сведоци дека имаше одреден сет на реформи во безбедносниот систем, со формираањето на ОТА, со новиот закон за следење на комуникации и АНБ, но имаше и многу критики во јавноста дека селекцијата на вработени од тогашното УБК, во денешната АНБ, беше направена селективно, субјективно и без почитување на законските норми а тоа беше полиграфското тестирање и тестот за интегритет кој што не се полагаше. А имаше и многу критики околу кадровската екипираност, во АР и одредени пропусти во директорувањето на Еродолд Муслиу“ вели Нацев.

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски смета и дека ќе има олеснување во Советот за национална безбедност и полесно ќе биде координацијата помеѓу институциите.

Реклама
  • Ќе имаме постојан член на овие две институција односно една, тоа би било Институција за национална безбедност, во основа, која што ќе занимава со овие надлежности – разузнавање и контраразузнавање, и мислам дека ќе биде многу поедноставно и информирањето кон претседателот на државата и размената на информации и со военото разузнавање, каде претседателот има силни надлежности преку ГШ, затоа што тоа е врховен командант, и мислам дека ќе се постигне многу, многу поголема безбедност на национално ниво и многу подобро ќе се планираат сите мерки и активности за брзо делување на институцииите“ вели Ѓурчевски.

И за концентрацијата на цела моќ во рацете на еден човек има решение вели професорот Нацев.

  • Ова спојување на внатрешно и надворешно разузнавање, компаративно ако погледенеме не е некоја новина ниту во регионот и Европа. Во Србија, во Хрватска и е  веќе воспотавена пракса. Е сега, видете ќе имаме една ситуација со преголема концентрација на моќ кај еден човек, директорот на оваа институција, меѓутоа контролни механизми кои можат сето тоа да го спречат, да го држат под контрола. Една позитивна работа е што таа координација помеѓу разнувачките служби бидејќи сега ќе биде една служба. Тоа е промена во споделувањето на информациите, би била многу поразвиена што би требало да гарантира дека тие подобро ќе си ја вршат својата задача“ вели Нацев.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски најави дека постепено ќе се оди кон спојување на двете Агенции, за национална безбедност и разузнавање, со оглед на тоа дека многу законски норми треба да претрпат промени со дво-третинско мнозинство.

https://youtu.be/eBn4EqEreVk