Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Експерти: Спојувањето на АНБ и Агенција за разузнавање е концепт кој е успешен во многу држави

Побрз проток на информации помеѓу службата и надлежните за посоодветна реакција. Интегрирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Побрз проток на информации помеѓу службата и надлежните за посоодветна реакција. Интегрирана разузнавачка служба ќе придонесе за побрзи ефекти на безбедносен план. Спојувањето на Агенцијата за национална безбедност и разузнавање како едно тело ќе значи полесна координација помеѓу претседателот на државата и инцитуциите кои го штитат државниот интерес и интегритет. Рестартот кој ќе се даде и во однос на вработените во двете институции кои би преминале во една, ќе биде само уште еден плус во нејзиното функционирање вели универзитетскиот професот Александар Нацев.

  • Во многу земји тој концепт е успешна приказна. И не треба да имаме сомнеж дека таков пристап кон разузнавањето би дал позитивни резултати. Останува да видиме како тоа ќе се реши кај нас, односно каков закон ќе се донесе, какви овластувања ќе и се дадат, како ќе биде систематизирана, дали по директорати или сектори.. И она што мене ми дава надеж дека се ќе биде позитивно, дека ќе биде извршена селекција на вработените и конечно да се воведе тоа полиграфско тестирање и тој тест за интегритет“ вели професорот по безбедност Александар Нацев.

Експерти коментираат и дека спојувањето на надлежностите – разузнавање и контраразузнавањето би можело да го поедностави функционирањето на службата и државните институции.

  • Кога сте во една слуба споделувањето на информациите е побрзо, поедноставно и позагарантирано. Ние имавме ситуација каде што АР по надлежност на претседателот, АНБ под премиерот. И имаше затајување на информациите. Сега таа голема слабост ќе се избегне. Инфромациите ќе се добиваат централизирано.. “ коментира Нацев.

Концентрацијата на цела моќ во рацете на еден човек – кој би управувал со таквата служба може да се реши со механизам за одговорност да не бидеме сведоци на ситуации како во минатото.

Реклама
  • Мислам дека ќе претстои на еден процес на услогласување на ставови, на изработка на можни законски решенија, сигурно би имало и јавна расправа во однос на тоа, бидејќи со донесувањето на нов закон ќе се суспендираат постоечките закони за АР и АНБ. Треба да се променат и повеќе пропатни закони како закон за следење комуникации и ОТА. Така што очекувам еден широк процес на консултации со кој несосмнено ќе се дојде до најдоброто решение“ вели Нацев. 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски најави дека постепено ќе се оди кон спојување на двете Агенции, за национална безбедност и разузнавање, со оглед на тоа дека многу законски норми треба да претрпат промени со дво-третинско мнозинство.