Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Експерти: Шлаканица за Mакедонците среде Битола

Со вчерашната посета на Премиерот Петков во Битола, Софија манифестира дека ние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вчерашната посета на Премиерот Петков во Битола, Софија манифестира дека ние сме втора бугарска држава сметаат експеритите. Поренешниот амбасадор Ристо Никовски, вчерашната посета ја оценува како голема навреда за нашата држава, вели, со самото тоа што Османи се појави во Битола, приватната посета на Петков добива поинаков карактер.

Тоа што вчера се случи во Битола е краен безобразлук, невидена навреда за нашата држава и на крајот од денот е прашањето : А Што бараше таму нашиот министер за надворешни работи ? Фактот што тој беше дека тој  беше со нив во некои посети покажува дека ако не официјален, посетата доби барем работен карактер. Вчерашните пораки на Бугарската Влада покажуваат дека тие се свесни дека имаат работа со невидени аматери, по она што се случи вчера мора да биде навреден, посрамотен и да се срами што е македонец, вели Ристо Никовски поранешен амбасадор

Вчера се покажа оти Бугарија веќе има слобода да прави што сака во нашата држава и оти и е дозволено да располага со терироријата, додава Никоски. Изгледа ова го потврдува и  изјавата на Османи оти Македонската Влада не била повикана на отворањето на културниот клуб  „Иван Михајлов“ во Битола од бугарската амбасада што ја заостри јавноста.  Поголемата дилема која се отвора е: Кој дозволи да се отвори културен центар со името на човекот кој не признавал посебна национална самобитност на населението во Македонија?  

Реклама

Ако бевме ние сериозна држава уште денеска ќе почнеа подготовките да ние да отвориме нешто слично во Бугарија. Меѓутоа нашите немаат никаква намера, а бугарската потпретседателка и вчера во Битола ни кажа дека немало македонци. Кога тие велат дека нема македонци не мислат само дека нема македонци во Бугарија туку и во Македонија. Ако ние сме дозволиле такво нешто другата страна има право да доаѓа тука, да се шета, ние не можеме да го забраниме тоа, изјави Никовски.

И додека и експертите и опозицијата повикуваат Македонија да отвори културен центар во Бугарија, соседите денес отворија и културно информативен центар и во Охрид, а нашиот министер за надворешни работи порача само оти го разбирал незадоволството кај граѓаните без дополнителен коментар.

Кристина Алексиеска