Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Експерти: Проактивната дипломатија ќе даде резултат, Македонија има сѐ поголема поддршка од партнерите

По седум години понижувања и сервилност, проактивната дипломатија дава резултати. Цврстите позиции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум години понижувања и сервилност, проактивната дипломатија дава резултати. Цврстите позиции на македонската Влада предизвикаа нови ветришта во Брисел и нови моменти во однос на македонските евроинтеграции, сметаат експертите. Извештајот во Европскиот Парламент каде се признава посебноста на македонскиот идентитет и јазик, силната поддршка од Унгарија како еден од клучните играчи во ЕУ, продлабочувањето на односите со САД како охрабрувањe, пораките од европските челници дека ќе помогнат да се најде решение за блокадата од Бугарија… Според упатените, овие случувања се знак дека Македонија може да излобира за фер и достоинствено пристапување кон ЕУ.

За прв пат гледам, како дипломат со 30 годишно искуство дека македонската дипломатија почнува да плете една фина мрежа да пријатели, на влијателни држави, кои ќе може многу да ни помогнат. Тука пред се зборувам за САД, Унгарија, Велика Британија, многу европски држави кои допрва ќе го кренат својот глас, вели дипломатот Зоран Дабиќ.

Во една засилена дипломатска офанзива на Македонија и непопуштање пред барањата од нашиот источен сосед, Бугарија како да се најде во небрано. Декларацијата која беше едногласно донесена во бугарскиот Парламент, во која се повкува Македонија да ги направи уставните измени, до толку повеќе покажува дека единствениот адут на Бугарите се уцените – бидејќи така беа навикнати од претходната Влада која во 2022 година го прифати францускиот предлог.

Реклама

Оваа изјава на Мицкоски дадена вчера дека Македонија нема да пристапи кон вметнување на Бугарите во Уставот се додека не види барем еден член од Македонија во бугарскиот Комитет за малцинства, не ја гледам како изјава за внатрешна изјава или како некој национално-романтичарски занес. Ја гледам како изјава за надворешна употреба, за зацврстување на нашите преговарачки позиции, нешто што требаше многу порано да се направи. Но, никогаш не е доцна. Македонија има сила да се бори за својот интегритет и дигнитет и Европа се повеќе и повеќе нотира дека тука нешто не е логично, на планот на вредностите, на планот на инсистирањата на Бугарија и дека Македонија навистина треба да го тргне овој проблем од грбот, објаснува Дабиќ.

Инаку, документот во кој се нагласува дека се неприфатливи какви било обиди  за повторно преговарање на веќе постигнатите договори доаѓа откако премиерот Мицкоски вчера упати директни пораки до Бугарија дека нема да се помести ниту милиметар додека не види претставник на Македонците во бугарскиот комитет за човекови права. Владата е децидна дека е нелогично, Бугарија да бара уставни измени, а не ги почитува пресудите од Стразбур кои се однесуваат на македонското малцинство таму.

Во една ваква ситуација, кога Бугарија го негира нашиот идентитет и јазик, во извештајот на европскиот известувач за Македонија кој во среда ќе се најде пред европските пратеници е признат многувековниот македонски идентитет и посебноста на македонскиот јазик.