Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Експерти: лажно дистанцирање на СДСМ од ДУИ – Филипче игра и ќе игра по нотите на Ахмети и Груби

Социјалдемократите лажно се дистанцираат од интегративците. Имаат заедничко и бурно минато, направиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалдемократите лажно се дистанцираат од интегративците. Имаат заедничко и бурно минато, направиле многу зделки и затоа се очекува братството и единството да продолжи тајно.

Спроед експертите, најавите на СДСМ дека ќе се променат и ќе внимаваат во формирањето на идните коалиции, признанијата дека биле сервилни кон ДУИ и критиките за Али Ахмети се само сеење магла. Ова се потврдува и по последниот чекор на СДСМ, дека нема да ги поддржат интерпелациите поднесени од партијата на Али Ахмети а се однесуваат на министерот Тошковски, неговиот заменик и вицепремиерите Меџити и Стоилковиќ.

Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, опозициската партија само глуми дека не поддржува иницијатива на нејзиниот доскорешен партнер, знаејќи дека секако, истата нема да помине.

Реклама

СДСМ и ДУИ донесоа голема штета имајќи предвид дека СДСМ по секоја цена сакаше да биде на власт, па ДУИ ги користеше. Сега ДУИ го злоупотребува уште тој начин на фунцкионирање, и заедно донесоа многу зло на граѓаните. Сега се мислат да се дистанцираат но следниот чекор сега, ако не ја поддржат иницијативата, па после на следните избори, локалните односно. Дали јавно или тајно ќе коалицираат со ДУИ ќе се знае пред или по изборите. СДСМ не може да се откаже лесно од интегративците, поради имале многу зделки и затоа братството и единството ќе продолжи тајно.

Интерпелациите според Фаризи се само очаен обид на ДУИ да останат актуелни, и да ги занимаваат нивните клиентелисти.

 Иницијативата за интерпелации од ДУИ за неколку министри е некоректна. Се избрзани бидејќи ќе се бламираат, имајќи предвид дека институциите постапиле согласно законот. Алогична е иницијативата, но го прават тоа да бидат актуелни, имајќи предвид дека имаат големи притисоци од страна на клиентелистите на ДУИ бидејќи ги лажат дека се надеваат да бидат дел од владата.

Интерпелациите се поднесени оти според ДУИ Тошковски и заменикот биле криви што полицијата интервенирала за време на скандалозната прослава на албанското знаме, каде се палеше македонското државно знаме. Стоилковиќ не го штител албанскиот јазик, а Меџити бил одговорен за нарушените меѓуетнички односи.

Инаку, лидерот на СДСМ пред неколку дена порача дека во минатото биле сервилни кон ДУИ, им ги исполнувале сите желби, и затоа вети дека ќе се сменеле. Ова, според аналитичарите е само обичен театар.