Апсурд е, за 10-те принципи на Мицкоски да се дискутира во негативна конотација, посебно сега во време кога на Македонија повеќе од кога било и е потребно обединување на сите етнички заедници. За повеќето експерти платформата што ја понуди премиерот за подобра иднина е најдобрата формула за успех, додека одбивањето од опозицијата претставува губитнички пристап.
Апсурд е да се дискутира во негативна конотација. Секоја чест за платформата. Тоа е единствената формула. Секое конфронтирање, е пукање во нога на Македонија. Нема точка која не е во бенефит на државата. Тоа што политички лузери како СДСМ, велат дека тоа е само фарса, е лузерски пристап. Македонија во оваа состојба во која што е, има само една формула а тоа е оваа платформа. Се останато е сведено само на дневна политика, за политички поени, а најмногу на оној проклет етноцентристички модел на практикување на политика. Овој модел, може да го сруши тоа. Секој еден кој ќе има против нешто, против ова што се претставува како формула и модел е политички лузер, вели аналитичарот Агим Јонуз.
Не е за изненадување тоа што СДСМ веднаш ја одби подадената рака на Мицкоски, сметаат експертите. Тие во првичната реакција порачаа дека премиерот не ги почитувал принципите кои ги поставил – ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека подгревале етнички тензии и креирале заговори за дестабилизција. Според упатените, пораките кои СДСМ ги испраќа се показател дека партијата мора да се реформира и да ги остави на страна дневно-политичките игри.

Кај нас не се проблем тие принципи, тие ги има во програмата на секоја партија. Проблем е спроведувањето. СДСМ можеше слободно да ги прифати. Единствена причина е што предлогот е дојден од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па се плашеа од таа перцепција кај граѓаните, дека нешто е сторено позитивно на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Грешка е на СДСМ, тие можеа да прифатат, па после нека се критикуваат. Ова покажува дека СДСМ се нема променето, уште од времето кога се обидуваа да го блокираат донесувањето на Буџетот, за да банкротираме, за да не можеме да ги исполниме обврските. Тоа е начин на дејствување на СДСМ. СДСМ не е реформирана. Треба реформи, но не може со Филипче на чело. Потребни се нови луѓе кои што моментално ги нема, и нема што да се бара од нив во оваа ситуација, вели новинарот, Дарко Јаневски.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека кај партијата на Венко Филипче, има отсуство на разум.
Одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство, освен што преставува отсуство на разум е типична за конфузни луѓе уплашени од сопственото минато. Луѓе кои едно зборуваат, друго прават. Кои немаат мака да ги изневерат очекувањата на блиските, и кои си поигруваат со судбината на другите. Луѓе кои се плашат од тоа сто го правеле против народот и државата. Жалиме за ваквата реакција, но таа нема да не поколеба во намерите да воспоставуваме заедништво базирано на принципи кое нашите граѓани го очекуваат од нас, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На одбележувањето 33 години од независноста на Македонија, Мицкоски порача опозицијата да се консолидира, да ги исчисти своите редови од криминални структури, и да ја прифати заедничка платформа за подобрување на состојбите во државата, која се заснова на правна држва, крај на етничките конфликти, подобар стандард, силно образование, членство во ЕУ, борба против иселувањето, департизација, градење на заеднички патриотизам….
