Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Еко аларм за рибниот фонд во Охридското езеро – надлежните во битка против дрските рибокрадци

Ако рибокрадците продолжат да го пустошат Охридско,пастрмката и белвицата ќе завршат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако рибокрадците продолжат да го пустошат Охридско,пастрмката и белвицата ќе завршат на црвената европска и светска листа како ендемични риби пред истребување,алармирааат еколозите.Иако законите предвидуваат строги мерки за заштита и покрај засилените контроли, недозволениот риболов и понатаму сериозно го загрозува рибниот фонд во езерото.Користењето забранети мрежи и ловењето во период на мрест се посочуваат како клучни причини за нарушување на биолошката рамнотежа во езерото. Дел од рибокрадците, најчесто ноќе и далеку од брегот, поставуваат мрежи, при што уништуваат и млада популација која сè уште не достигнала репродуктивна зрелост,отворено зборуваат искусните риболовци кои предлагаат да се превземат крајно ригорозни мерки за да се спречи ,како што велат геноцидот врз пастрмката и белвицата.

 “Најповеќе се ловат рибите кои се најдоходовни нормално пастрмката, затоа помалку ја има.Сега се оди на лов на белвицата, таа е втора на удар. Со строги казни и ние често пати велиме свеста на луѓето да се издигне.Света на луѓето ја дигаат санкциите.Кога добри казни ќе има и ред да се стави “ –вели Љупчо Маслов,рибар

Полициските извештаи сведочат за редовни акции во кои се запленуваат километарски мрежи, чамци и стотици килограми незаконски уловена риба.За илустрација во периодот на мрест, од 1 декември кога е на сила е целосна забрана за лов,запленети се 26 рибарски мрежи и 1465 единки белвица. Спортските риболовци,без задршка  кажуваат дека дневно од страна на рибократците се изловиваат од 500 кг до 1 тон риба.

Реклама

“Па некаде од 500 кг до еден тон дневно се ловат и тоа се шверцува.Во Албанија се носи од овде белвица, од таму се носи пастрмка,значи цвета рибокрството цвета нелегалниот риболов.И во кафеаните треба се види продаваат којзнае колку килограми пастрмка а немаат од каде да ја набават”- ”-вели Радован Димитриески-здружение “Рибарски приказни”

Згора на се’, шест години по ред не се вршеше вештачко порибивање на езерото.Лани, после долг низ години министерството за земјоделство обезбеди сретства за спроведување на оваа активност. Од Хидробиолшкиот Завод чија основа дејност е порибување на езерото, а се спроведува 90 години откога постои научната установа,велат паузата од 6 години нанесе несогледливи последици. Годинава почнувајќи од 21-ви јануари,  веќе се врши вештачкиот мрест. Сознанијата со кои што располагаат природонаучниците, а се резултат на спроведените истражувања покажуваат дека е загрижувачка состојбата со ендемичните видови риба. Од ресорното министерство потенцираат дека во периодот кој следува ќе мора од корен да се менува законската регулатива но не само кај нас, туку и во Албанија оти само така ќе успееме да го заштитиме рибниот фонд на Охридското езеро.