Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Еко-активисти и професори: Струга ќе се најде на листата најзагадени градови во Македонија

а прагот на зимата стружани се повеќе од сигурни дека Струга ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

а прагот на зимата стружани се повеќе од сигурни дека Струга ќе се најде на листата на најзагадени градови во Македонија.Штом застуди и паднат температурите, градот на две води се гуши во густ чад,магла и тешка миризба посебно во вечерните часови. Во градот и околината поставени се 20 мерни инструменти,кои дадоа точни информации за квалитетот на воздухот и концентрацијата на ПМ честичките.

–“Најголемо учество во загадувањето во општина Струга е изворот кој што го нарековме сообраќај ,додека во зимскиот период најголемо загадување ни доаѓа од согорувањето на биомасата, поточно огревното дрво”-вели проф.Афродита Зенделска-УГД Штип

Лабараторискиот мониторинг покажал дека воздухот бил најзагаден за време на новогодишната ноќ,на 31-ви декември и 1-ви јануари. Тогаш вредноста на загадување била над 250 микрограми по метар кубен ПМ 2,5 честички што е многу над дозволенатаграница.

Реклама

 “Неколку месеци стружани дишат екстремно загаден воздух,проблемот повеќе е од економска и финансиска страна, бидејќи не секој е во можност да направи промена на начин на греење и загревање на домаќинставата.Така што и општината и владата ќе треба да се позанимаваат со овие прашања во поглед на некаков вид на субвенција нешто што би помогнало луѓето полесно и побезболно да ја направат таа трансформација на греење на своите домови”-вели Никола Кукунеш,граѓански активист

И општина Струга со 10 милиони денари спроведува проект да се најдат соодветни мерки да се намали загадувањето.

 “Сигурно дека таа сума не е доволна, сигурно ќе треба и сет на други мерки кои што би биле соодветни за општина Струга да се намали загадувањето. Не може да заборавме дека општина Струга е еден комплексен систем ,не станува збор само за градот Струга,тука се и  пригратските населби а тука се и големите рурални населби кои исто така го имаат овој проблем каде што вo иднина исто така гратските власти ќе мора да се позанимаваат”- Владислав Жупан,Oпштина Струга

Но не треба да се занемари и масовната урбанизација.Несоодветното урбанизирање и спроведувања на урбанистичките планови доведува до ситуација помалите градови како Струга, буквално да не дишат.

Новинар Росица Голабоска