Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Едукативна средба со нов пристап „Значајно физичко образование“ во Куманово

Денеска во Занаетчиски дом се одржа едукативна средба, како трета фаза од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Занаетчиски дом се одржа едукативна средба, како трета фаза од Еразмус+ проектот „Champions in Meaningful PE for inclusion and diversity“, координиран од Marry Imaculate College од Ирска, информираа денеска од општина Куманово. Организатор на средбата е Здружение на спортски педагози Куманово, во соработка со Фондација за култура и спорт. На настанот се обратија професори од Факултетот за образовни науки на УГД, претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска и раководители во Општината, кои потрачаа дека физичката активност создава здрави животни навики.

-Наставници по ФЗО – пионери во имплементација на Meaningful PE: Кате Бујароска – Ангелеска од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, Методи Петров од ООУ „Ванчо Прке“ – Штип и Југослав Спасиќ од ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово, го презентираа концептот на физичко образование, основните принципи и примена во настава во основно образование, со акцент на одделенска настава. Професорите споделија искуства за варијации на имплементација на принципите во различни ситуации на наставен час, преку примена на демократски и рефлективни педагошки мерки и придобивки, од аспект на поттикнување инклузија и различности- соопштија од општина Куманово.

Во проектот, покрај Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, вклучени се и универзитети и наставници од Норвешка, Данска, Шпанија, Ирска и Шкотска, како и експерти од Канада и Шкотска. Се работи за нов пристап што се имплементира на глобално ниво како „Значајно физичко образование – Meaningful PE“.