Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Едукативен настан во Тетово за влијанието на технологијата врз младите и нивната зависност од телефоните

Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово денеска го реализираше културно-едукативниот проект „Кажи ми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово денеска го реализираше културно-едукативниот проект „Кажи ми како се прават работите без телефон?“, со цел да се обработи еден од најчувствителните предизвици на современото време – влијанието на технологијата и зависноста од телефоните кај децата и младите.

Оваа иницијатива е насочена за подигнување на свеста за враќање на човечката комуникација, културата на читање, креативноста и здравите социјални односи, во време кога неконтролираната употреба на технологијата сè повеќе влијае врз емоционалниот, психолошкиот и интелектуалниот развој на младите генерации.

-Активноста се реализираше во интерактивна и директна форма, каде што учениците имаа активна улога преку поставување прашања, изразување ставови и влегување во дијалог со панелистите. Овој пристап придонесе дискусијата да биде динамична, автентична и блиска до реалните искуства на децата, претворајќи ја активноста во вистински образовен и рефлексивен процес, соопштија од Библиотеката. 

Реклама

Во своето обраќање директорот на библиотеката Бинас Пајазити ја истакнал улогата на културните и образовните институции во формирањето на младите генерации и важноста од нивно насочување кон знаењето, книгата и директната човечка комуникација.

Во овој интерактивен разговор учествувале професионалци и едукатори од различни области: д-р Ремзије Луши, д-р Мимоза Жаку, психолозите Билјана Радичевска и Арифе Амети, како и наставничката по ликовна уметност Ивана Настески. Посебен придонес дадоа и наставничките Фиторе Хајрули, Хавуше Реџепи и Снежана Николоска.

-Преку овој проект беше пренесена пораката дека технологијата треба да остане средство во служба на човекот, а не замена за комуникацијата, образованието и реалниот живот. Во суштина, активноста ја потсети јавноста на важноста на книгата, семејството, училиштето, уметноста и дијалогот како темелни столбови за формирање на посвесна, похумана и општествено одговорна генерација, соопштија од библиотеката „Кочо Рацин“. 

Во проектот учествуваа учениците од ОOУ „Гоце Делчев“, ОOУ „Лирија“ и ОOУ „Абдил Фрашери“.