Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Едукација за екологија и претприемништво, Еразмус + приказна од Крива Паланка

Во организација на тим наставници од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на тим наставници од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” во Европската куќа Крива Паланка се одржа дисеминација на Еразмус плус проектот „Зелена иднина на агро- претприемништво” (Green Agripreneurship of Future).

На настанот на кој присуствуваа голем број наставници и ученици беше  претставена и платформата Agripreneurship.kids и успешно се реализираше интерактивна работилница посветена на зеленото претприемништво и одржливо земјоделство.

-Целта на оваа работилница беше да покажеме како преку современи дигитални платформи и проектно учење можеме да ги мотивираме учениците да размислуваат еколошки, претприемачки и одговорно кон заедницата. AgripreneurKids претставува одлична алатка за поврзување на образованието со реалните предизвици во областа на одржливиот развој, изјави координаторката на проектот, Габриела Стојановска.

Реклама

Работилницата се реализираше како дел од дисеминациските активности на Erasmus+ проектот „Green Agripreneurs of Future“, со фокус на презентација и примена на едукативната дигитална платформа, наменета за развој на зелени и претприемачки компетенции кај учениците.

На настанот учествуваа претставници од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, ООУ „Илинден“, ООУ „Христијан Тодоровски Карпиш“ – Ранковце, како и претставник од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделство. Преку дискусија и размена на искуства беа разгледани можностите за интеграција на зелените теми и дигиталните алатки во наставниот процес.
Учесниците во дискусија ја истакнаа важноста од вакви активности и потребата од понатамошна соработка меѓу училиштата и институциите во насока на развој на зелени компетенции кај младите.