Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Едно на власт друго во опозиција – СДСМ со предлози за економски политики кои ги одбиваа кога беа влада

Политиканство или добра намера – едно во опозиција, друго кога беа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиканство или добра намера – едно во опозиција, друго кога беа на власт. Опозициската СДСМ предложи закон за укинување на ДДВ-то на основните прехранбени производи од 250 категории, иако, според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, многу пати во минатото бил поднесен таков закон а власта на СДСМ и ДУИ не ги поддржала.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче со обвинувања и критики до власта – дека нејзините економски политики воопшто не го штителе животниот стандард на граѓаните а мерките биле неефикасни.

„По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија“, потенцира Филипче.

Реклама

Филипче ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот.

Ова според пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ e нелогично бидејќи економските креатори во владата на СДСМ претходно четири пати одбиле вакво законско решение. Порача дека И овој нацрт закон бил со низа грешки, како тој за минималната плата во кој беше промашен процентот.

Ние како пратеничка група нема да поддржиме едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба. Ваквите законски решенија не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување, рече Стојаноски.

Според Стојаноски, обвинувањата на СДСМ немале врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушале синдикатите и да имале посериозна комуникација со нив, ќе знаеле дека цената за храната за 30 дена се намалила за 965 денари.

За дополнително олеснување на животот на граѓаните, според Стојановски ќе придонесе Законот за нефер трговски практики, кој веќе е влезен во сила. Неделава се очекува да биде комплетиран составот на комисијата за заштита од конкуренција и веднаш да започне со работа, контролирајќи ги договорите склучени согласно тој закон.