Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Една насмевка, ниеден збор: Куќниот притвор ги подгреа теориите- зошто Груби реши да се врати дома?!

Што стои зад мистериозната насмевка на граница додека му ставаат лисици на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што стои зад мистериозната насмевка на граница додека му ставаат лисици на рацете, и насмевката по одлуката наместо во Шутка, Артан Груби да замине дома, во куќен притвор. Одлуката на Обвинителството да му се одреди поблага мерка на бараниот со потерница екс-вицепремер и еден од најмоќните луѓе од претходната власт, само ги потхрани теориите на заговор и прашањето кои би бил мотивот, по 14 месеци бегство тој да се врати во Македонија.

Теории има многу, од тоа дека ова му е еден од последните обиди да ги искористи своите инсталации во судството и Обвинителството, пред најавените коренити смени во правосудството, преку тоа дека притисокот дошол од Ахмети за да ја врати ДУИ во живот, преку во наводници „прочистување„ на партијата,  со странска помош, па до тоа дека притисок од странците врз Еди Рама и Албин Курти ги натерале Албанија и Косово да му откажат гостопримство. Многу теории, но малку одговори.

Во игра е и теоријата дека поранешниот прв вицепремиер, кој палеше и гасеше за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, бил подготвен да „пропее“, индиции кои би допреле дури до Зоран Заев или Али Ахмети. Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи ова е само очајнички обид на Груби, ако може некако да се спаси, но и покажува дека притисоци постоеле и кај оние кои го чувале минативе 14 месеци.

Реклама

-Во Албанија тој не можеше најверојатно таму да се крие долго време, имајќи предвид дека и во Албанија, не му се сјајни деновите на Еди Рама, имајќи предвид голем притисок што има за криминал и корупција во таа земја. Реформите што се во доследно време во нашата држава, односно назначувањето на новиот јавен обвинтиел, мислам дека ќе му ги отежнат работите, претпоставувам дека тоа и била целта да дојде порано, изјави Фаризи.

Сепак кој и да мотивот, тешко е дека Артан Груби ќе помине лесно или ќе се спаси, бидејќи покрај тоа што е случај со политичар од висок профил, станува збор и за сомнежи за висок профил на криминал. Според Фаризи целосно нелогично е власта да има некаков договор со груби, бидејќи тоа никако не и одговара, бидејќи екс првиот вицепремиер веќе воопшто не е никаков фактор.

-Нашата цел како граѓани беше да го видиме Артан Груби пред органите во државата, за тој да даде објаснвуање, односно да се прекрстат фактите и аргументите на двете страни и многу е важно што е во моментов во нашата држава. Гледаме дека многу политички партии почнаа да се препокнуваат со тоа дека власта е договорена со Артан Груби. Јас мислам дека власта нема никаква корист да се договори со Артан Груби, бидејќи Артан Груби веќе не е политички фактор во државата, изјави Фаризи.

Инаку, титулата осомничен во моментов ја има само во случајот со набавката на апарати во лотарија, криминал вреден осум милиони евра. Но, сепак листата на дела против поранешниот прв вицепремиер, може да стане многу поголема, посебно ако се иам в предвид дека тој се наоѓа на американската црна листа токм поради мешање во судски одлуки.

Матеја Петровски