Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

🎥 Една фотографија, илјада зборови, но не и за Филипче: Упорно не одговара чија е јахтата со која пловеше по Халкидики

Лидерот на СДСМ Венко Филипче упорно не одговара чија е луксузната јахта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ Венко Филипче упорно не одговара чија е луксузната јахта на која во друштво со екс премиерот Зоран Заев пловеше на Халкидики пред 15-тина дена. Наместо да каже чие е скапото пловило, кој го платил возењето и дали домаќинот е Заев, а тој бил само поканетиот гостин, Филипче се правда дека тоа биле конструкции и лажни вести пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Директно прашан за јахтата, тој почна да одговара за зграда во Дубаи, куќа во Нерези и џипови.

Во однос на тоа дали екс-премиерот влијае врз неговите политички одлуки и дали од позадина тој раководи со СДСМ, Филипче вели дека тие се само пријатели, дека Заев се повлекол од политика и дека одлуките ги носи со раководството на партијата.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто Филипче вели дека е жртва на пропаганда наместо да одговори, чија е јахтата.

Реклама

Инаку, луксузниот одмор на Венко Филипче и Зоран Заев предизвика лавина реакции во јавноста. Според податоците кои можат да се проверат на интеренет, најверојатно не станува збор за јахта во сопстевност на Заев или Филипче, туку за пловило кое е во сопственост на грчка агенција и коешто може да се изнајми за околу 11 илјади евра за една недела.

Според инфомациите на порталот „Плус инфо“ којшто ја објави фотографијата со јахтата, по прошетката со луксузното пловило, екс и сегашниот лидер на СДСМ седнале на ручек во познатата таверна „Панос„ која се наоѓа на вториот крак на Халкидики.На ручекот, според фотографијата е и кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајковски. Неговото присуство ги подгреа гласините во јавноста дека луксузното пловење не било приватен одмор, туку можеби станува збор тивко усогласување на плановите за претстојните локални избори, далеку од очите на јавноста.

Покрај одмори на јахти, двојката Заев – Филипче беа видени заедно и на гранде журка во Дубаи, каде ги забавуваше Харис Џиновиќ. Дубаи ги поврзува Заев и Филипче и по друга линија – и двајцата поседуваат златни визи за Емиратите, документ кој вообичаено се добива со инвестиција од неколку стотици илјади евра. Филипче демантираше дека имал бизнис, но, до денеска се нема откажано од својата виза.