Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ЕБОР, ЕУ и ПроКредит Банка Скопје го поттикнуваат финансирањето на микро, малите и средните претпријатија во Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), во партнерство со ПроКредит Банка Скопје, го поттикнуваат пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија.

Денес ЕБОР потпиша договор со кој ќе и обезбеди на ПроКредит Банка гаранцијата на ниво на портфолио во износ од максимум 25 милиони евра. Гаранцијата ќе покрие до 50 отсто од кредитниот ризик на новите кредити одобрени од ПроКредит Банка, и со тоа ќе овозможи нови 50 милиони евра поддршка на МСП.

Гаранцијата е подджрана  со  техничка помош и контра гаранцијата Европски фонд за одржлив развој плус (ЕФОР) (European Fund for Sustainable Development Plus- EFSDP) на Европската Унија. Програмата е наменета за деловниот сектор кој нема доволно пристап до финансирање, а тука спаѓаат бизниси управувани од жени и млади предприемачи, и рурални ММСП, кои се наменети за зајакнување на инклузивен економски развој.

Реклама

Преку споделување на дел од ризикот, ЕБОР и ЕУ и помагаат на ПроКредит да ја зајакне отпорноста и да го зголеми кредитирањето.

Програмата – Гаранцијата за нефинансирано портфолио го проширува спектарот на финансиски продукти на ЕБОР, со иновативни решенија креирани за намалување на ризикот за партнерските финансиски институции на ЕБОР и справување со финансиските јазови за ММСП.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија изјави: ,,Ова партнерство со ПроКредит Банка Скопје, поддржано од Европската Унија, означува важен чекор кон проширување на пристапот за финансирање на помалку поддржаните бизниси во Македонија.

Преку споделување на ризикот и воведување на иновативни финансиски алатки со техничка помош која е наменски одобрена, им помагаме на МСП да инвестираат со сигурност во сопствениот раст и отпорност. Ова претставува инклузивно и одржливо финансирање на ЕБОР, која што е посветена кон унапредување на целиот Западен Балкан”.

„Оваа иницијатива преку гарантна шема придонесува за поголема поддршка на микро, малите и средните претпријатија во Македонија и претставува важен чекор во нивниот понатамошен развој. Таа е уште еден доказ за нашата повеќегодишна и стабилна соработка со Европската банка за обнова и развој, поддржана од Европската Унија, како и за нашата долгорочна посветеност кон развојот на реалната економија. Преку оваа гаранција, банката добива дополнителна поддршка за кредитирање на сегменти кои традиционално имаат ограничен пристап до финансирање, особено бизниси управувани од жени и млади претприемачи, како и рурални микро, мали и средни претпријатија. Веруваме дека ваквиот пристап ќе придонесе за зајакнување на нивната отпорност и ќе овозможи одржлив и долгорочен раст“, изјави Милан Дамчевски, Член на Управен одбор на ПроКредит Банка.

ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Македонија, со инвестирани повеќе од 3 милијарди евра, во поддршка на одржливиот развој, инфраструктрата, растот на приватниот сектор и регионална интеграција на земјата.