Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Е-фактурата ќе биде задолжителна од 1 октомври, кога ќе има и законско решение

Новиот модел е-фактура треба да донесе поголема транспарентност, повисока даночна усогласеност и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот модел е-фактура треба да донесе поголема транспарентност, повисока даночна усогласеност и полесно работење за компаниите. Од Управата за јавни приходи велат дека електронската фактурата нема да биде административен товар, туку алатка што ќе го унапреди деловното опкружување и ќе ја намали нелојалната конкуренција.

За компаниите нема да претставува дополнително адимистративно оптоварување или отежнување, туку напротив, значително  ќе го олесни и промеени сегашниот начин на работење во компаниите со преминување од рутински и рачни  процеси кон автоматизирани и дигитализирани процеси, не само на фактурирањето, туку и на книжења, плаќањата и со тоа во самите компаниите ќе се отвори можност за пренасочување на ресурсите и време кон попродуктивни работи и ќе се поттикне економски раст“, изјави Елена Петрова – директорка на УЈП.

Од 1 јануари тестирањето веќе го спроведуваат софтверските компании и поголемите фирми со сопствени фактурирачки платформи, кои ќе се интегрираат со државниот систем на УЈП. Од 1 април ќе започне тестирањето и на бесплатните апликации за малите и средни компании, а целиот процес се очекува да заврши до 30 септември, кога треба да биде подготвено и законското решение за задолжителна примена. Поддршка за проектот доаѓа и од бизнис заедницата, од каде посочија дека компаниите подготвено го дочекаа воведувањето на е-фактурата, која треба да придонесе за намалување на сивата економија и забрзување на дигитализацијата, особено кај микро, малите и средни претпријатија.

Реклама

Тоа е доста сложен процес ќе биде потребно време да се имплементира, но влезено е со крајна сериозност, и соодветно тајмингот како ќе доаѓа мислам септември ќе успее да се имплемемнтнира овој сериозен проект е фактура кој е важен за бизнисот“, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори

Од УЈП очекуваат првата задолжителна фаза од системот да започне до крајот на годинава, со постепено вклучување на компаниите, во зависност од подготвеноста на системот и резултатите од тестирањето. Е-фактурата се најавува како долгорочна државна инвестиција со брз поврат, преку подобра деловна клима, поефикасно работење и постабилни буџетски приходи.